Последни написи

Минималната плата од март 22 500 ден, нема веќе преговори и уцени, туку таа е дефинирана согласно закон и методологија

И покрај тоа што голем број професори предупредуваа дека ќе расте инфлацијата доколку се зголеми минималната плата, сепак ова сценарио не се случи, напротив годината Северна Македонија ја заврши со едноцифрена инфлација, се вели во анализа на Бизниспро.

Во 2012 година биле потребни 3,9 минимални плати за една потрошувачка кошничка, во 2017 година биле потребни четири плати, во 2019 година доаѓаме до ситуација кога тоа се намалува на 2,2 минимални плати, во 2023 потребни 2,1 минимална плата за една потрошувачка кошничка.

Според статистиките за шест години просечната плата е зголемена за 15.487 денари и ако во 2017 година, просечната плата изнесувала 23.356 денари, во октомври 2023, 38.843 денари или 630 евра. Значителен скок има и кај минималната плата.

Ако до 2017 минималната плата беше до 9000 ден и не со иста вредност во сите дејности, сега таа изнесува 20.175 ден. а со усогласувањето во март се очекува минимална плата од 22 500 ден.

-Се обврзавме за време на кризата да ја задржиме минималната плата во висина од 14.500 денари и ветивме дека по завршувањето на истата ќе обезбедиме пораст од 40% и тоа денес е реалност. Некогашната минимална плата од 8 000 денес изнесува 20.175 денари, а во март следи уште едно усогласување и минималната плата ќе изнесува 22.500 денари, вели поранешната министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска.

 

Latest Posts

Не пропуштај