Последни написи

Кабинетот на Зеленски демантира дека е разрешен Залужни, дезинформацијата ја пренесоа и дел од македонските портали

Лажната вест за смената на Залужни побрзаа да ја објават и неколку македонски портали, познати од предходно по ревносното пренесување на дезинформации подготвени во руските пропагандни кујни. Некои дури го објавија и името на наследникот на Залужни, секако од извори блиски до властите во Кремљ, како рускиот пропагандистички канал РИА Новости.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски не го разреши врховниот командант на вооружените сили на Украина Валериј Залужни, изјави прес-секретарот на претседателот Сергиј Никифоров во коментар за Укринформ.

„Нема тема за разговор. Го побивам отказот на Залужни“, рече Никифоров.

Доцна во понеделникот, на 29 јануари, неколку Телеграм канали објавија дека врховниот командант на вооружените сили на Украина, Валериј Залужњи, бил разрешен од функцијата.

Имаше информации и за разрешување на министерот за одбрана Рустем Умеров. Украинското Министерство за одбрана ги отфрли наводите, велејќи:

„Не, тоа не е точно“.

Лажната вест за смената на Залужни побрзаа да ја објават и неколку македонски портали, познати од предходно по ревносното пренесување на дезинформации подготвени во руските пропагандни кујни.

Некои дури го објавија и името на наследникот на Залужни, секако од извори блиски на властите во Кремљ, рускиот пропагандистички канал РИА Новости.

Само мал дел од нив собраа сили за да го објават демантот на дезинформацијата која самите ја објавија.

Како што забележува Мониторин тимот на Цивил, ова не е прв пат, овој дел од македонските медиуми , по налог на нарачателите од Кремљ да шират дезинформации околу наводниот судир помеѓу украинскиот претседател Володимир Зеленски и врховниот командант на украинската армија, Валериј Залужни.

Како што објави ЦИВИЛ МЕДИА на 10 ноември, тогаш дел од македонските портали, користејќи го како „релевантен“ извор еден од нивните омилени „аналитичари“ – Владимир Рогов од „Заедно со Русија“, објавија дека Залужни веќе е избран да го замени Зеленски на чело на Украина, додека двајцата лидери се фигурите во украинскиот крвав шах во последна партија помеѓу двете кијивски „струи“. Според ова, Украина најверојатно војува самата со себе, а победник на крајот е путинова Русија.

Се злоупотребува и несреќната смрт на помошникот на Залужни, кој загина во несреќен случај во својот дом, за кој домашнива експерти побрзаа да објават дека е ликвидиран, и сето тоа да го деоведат во корелација дека Залужни е во немилост кај Зеленски, по неговата изјава за Економист, која своеволно (по нарачка) на големо ја експлоатираат.

Драган Мишев

Извор: ЦивилМедиа.мк

Latest Posts

Не пропуштај