Последни написи

Ѓорѓиевски за Студио на Слободен печат: Во 2022 година 10.000 учесници од Македонија заминале во странство преку Еразмус плус

Интересот за учество во Еразмус плус програмата од страна на учениците и студентите, расте секоја година, а секоја година се зголемува и квалитетот на апликациите, порача во интервју за Студио на Слободен печат, Марко Ѓорѓиевски, директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

 

„Во 2022 година над 10.000 учесници од Македонија заминале во странство, на мобилност, на пракса, на размена, што е навистина голема бројка и фидбекот што го добиваме е навистина добар и се надеваме дека оваа бројка ќе расте и во иднина. Ние како Агенција, трета година по ред правиме работилница „Од идеја до проект“ за која има огромен интерес и оваа година имаше околу 300 до 400 апликации од професори од 40 различни места, каде опфативме професори кои имаат многу малку искуство со проекти, а тоа го правиме за да го зголемиме опфатот и да вклучиме што повеќе учесници во Програмата“ посочи Ѓорѓиевски.

 

Директорот Ѓорѓиевски посочи дека Агенцијата ги следи светските политики и дејствувања и дека во последните години покрај редовното функционирање, акцент се става и на зелената агенда и зелените политики.

 

„Зелената агенда е еден од четирите главни приоритети на Програмата и ние сакаме тоа да ни биде приоритет над приоритетите, бидејќи знаеме во какво општество живееме. Знаеме дека грижата за животната средина и борбата против климатските промени и тоа како треба да бидат на пиедесталот и настрана од проектите на Националната агенција ние сметавме дека треба да влеземе во една фаза на унапредување на животната средина и преку голем број на акции. Такви беа акциите за чистење на Водно, за пошумување на паланечкиот регион како и садење дрвја во градинки и училишта во Град Скопје кои поминаа доста добро и затоа за оваа година предвидовме двојно поголем буџет за зелени активности“ порача Ѓорѓиевски.

Latest Posts

Не пропуштај