Последни написи

Бачовски: Нема да има застој во исплатата на субвенциите, во следниот период исплата по неколку мерки

„Нема да има застој, ниту ќе се служиме со уцени, целокупната поддршка која е предвидена преку програмите кои ги имплементира Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделтвото и руралниот развој ќе дојде до земјоделците, тогаш кога е најпотребно – изјави за Агротим, директорот на Агенцијата – Никица Бачовски.

Ова е одговор на дилемата на земјоделските производители со оглед на политичките случувања и очекуваните претседателски избори. Директорот Бачовски најави и исплата на субвенции по неколку мерки.

„Во мај 2017 година Уставниот суд донесе одлука со која ги укина тогашните одредби од изборниот законик со кој беше забранета исплатата на субвенциите во земјоделството во предизборниот период па се до формирање на Влада. Од тогаш поминаа многу изборни процеси меѓу кои и парламентарни избори и земјоделците знаат дека изборите не предизвикаа никаков застој во работата на Агенцијата, особено во исплатата на субвенциите и доделувањето на поддршката од програмата за Рурален развој и ИПАРД програмата“ – изјави Бачовски и додаде дека ваквата одлука е логична бидејќи земјоделското производство и трошоците поврзани околу него бараа што понавремена државна поддршка.

-Мислам дека ниту еден политички субјект или чинител нема да си дозволи да ја кочи работата на Агенцијата која веќе одамна не е инструмент за предизборен поткуп и уцени туку институција која е позната по професионалноста, транспарентноста и успесите кои се препознаени во регионот и пошироко. По последните исплати за основните субвенции за растително производство, може да се очекува исплата на основните субвенции за сточарско производство, дополнителни субвенции за индивидуалните земјоделци, за органските производители, дополнителните 3 денари за предадено јаболко во периодот 2022 – 2023 како и сите дополнителни директни плаќања од растителното и сточарското производство кои се поврзани со остварено производство – Изјави за Агротим, Бачовски и им порача на земјоделците да не се грижат од можен застој на исплатата на субвенциите

-Нема да има застој, ниту ќе се служиме со уцени, целокупната поддршка којашто е предвидена преку програмите кои ги имплементира Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделтвото и руралниот развој ќе дојде до земјоделците, тогаш кога е најпотребно – потенцира Бачовски.

Извор: Агротим.мк

Latest Posts

Не пропуштај