More

    Лескаровска од Агенција за промоција на туризмот: Ја постигнавме целта од 3,2 милиони ноќевања во 2023 година, има уште многу простор за развој

    Туризмот претставува сериозна стопанска гранка, со постојан годишен раст која
    носи сериозен девизен прилив, вели директорката на Агенцијата за промоција и
    поддршка на туризмот, Јасмина Лескаровска во интервју за Слободен печат.

    „Туристичката индустрија изминатата година ја заокружи со раст во поглед на
    бројот на странски туристи, ноќевања и девизен прилив. Македонскиот туристички
    сектор до крајот на 2023та година ја постигнa целта од 3,2 милиони ноќевања и
    повеќе од 550 милиони долари туристички промет. Туристичкиот сектор според
    мене може да биде една од алатките за брзо закрепнување на македонската
    економија, но потребни се многу вложувања. Со сериозен импакт и вклученост на
    стејхолдерите во градење на одржливи форми на туризам и конкурентна
    туристичка понуда. Значењето на туристичката индустрија како стопанска област и
    туризмот како доходовна гранка влијае брз економскиот раст со учество од 4% и
    туристички промет од 471,59 милиони долари во БДП-то за трите квартали од
    2023г. или раст од 25% компарирано со периодот од изминатата година“ посочи
    Лескаровска.

    Според неа, целосните капацитети на туристичкиот сектор се уште не се
    искористени, па за таа цел Агенцијата за 2024 година има план за дополнителен
    развој на туризмот, првенствено преку продолжување на туристичката сезона и
    развој на руралниот и еко-туризам.

    „Стратешкото планирање на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за
    2024 година е во корелација со стратешките согледувања на Светската туристичка
    организација (UNWTO), во поглед на превземање на активности и можностите за
    развој на туризмот во нашата држава. За Агенцијата за промоција и поддршка на
    туризмот (АППТ) една од стратешките цели е продолжувањето на туристичката
    сезона, периодов ни покажа дека еко и руралниот туризам се една од основните
    работи за одржливост на сите туристички дестинации и туристички сектори.
    Акцент ќе се стави во градење човечки капацитети за оддржливост на
    дестинациите фокусирајќи се на алтернативните видови туризам, како руралниот,
    културниот, здравствениот, агри-туризмот, екотуризмот, ено-гастро концептот и
    рекреативниот туризам, наспроти масовниот туризам. Екотуризмот во следните
    неколку години треба да преставува двигател на голем број општини во руралните
    делови, овозможувајќи директен финансиски бенефит за локалното население
    понудувајќи го проектот педесет рурални села – педесет туристички приказни
    влијаејќи на нови зелени работни места, женското претприемништво и успорувајќи
    ја миграцијата од руралните средини“ порача Лескаровска.

    Потребно ни е зголемување на сместувачките капацитети во зимските
    туристички центри

    Директорката на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот смета дека се уште постои простор за дејствување за да се зголеми бројот на туристи во зимската сезона.

    „Не може да очекуваме подобри резултати, а упорно да правиме исти грешки.
    Бројот на туристи во зимската сезона не може да биде зголемен доколку
    туристичката понуда е иста како и претходните години. Зимските дестинации се
    посетени од туристи кои се на еднодневни екскурзии, домашните туристи беа
    најбројни во 2021 и 2022, но регионалните гости од Косово, Албанија, Србија,
    Бугарија и од Грција се тука. Сместувачките капацитети и туристичката понуда во
    Попова Шапка, НП Маврово, Пониква, Кожув е иста со децении и немаме толкави
    капацитети каде што може да се сместат тие гости коишто можеби сакаат да
    останат. Со интегрирање на процесот на стратешко планирање ќе се обезбеди
    реална визија за иднината на ски центрите во земјава. Вложување на државава
    преку издвојување на буџетски средства ќе се зголемат капацитетите и ефикасноста
    за спроведување на стратешките приоритети за развој на зимските центри, во
    насока на отворање на можности за одржливи домашни и странски туристички
    инвестиции.

    Во однос на патната инфрастурктура и превозот кои се едни од најчестите
    забелешки на туристите, Лескаровска смета дека се потребни повеќе инвестиции
    кои на краток рок, брзо ќе се повратат.

    „Проблемот е реален и е повеќе од очигледен, потребни се континуирани инвестиции за подобрување на патната инфраструктира и истото треба да биде приоритет на Владата, кој повлекува развој не само на туризмот туку и на македонската економија и стопанството“ порача Лескаровска.

    ИПАРД компонентите и ЕУ фондовите имаат важна улога за развој
    на нашите рурални средини

    Рамномерен регионален туристички развој е предизвик за сите во туристичката
    индустрија, тоа би вклучувало и развој на руралниот и еко туризам кој бележи
    светски раст, вели Лескаровска.

    Според директорката периодов ни покажа дека еко и руралниот туризам се една од
    основните работи за одржливост на сите туристички дестинации и туристички
    сектори, додавајќи дека ИПАРД програмите имаат важна улога во развојот на
    туризмот.

    „Генерално ние можеме да се фалиме со еко предели, но кога говориме дека треба
    да работиме тоа значи дека треба да овозможиме услови. Генерално треба да се
    подобри и зајакне учеството во меѓуграничната соработка, се повеќе треба да ги
    користиме ИПАРД компонентите и ЕУ фондовите во нашите рурални средини,
    токму за развој на овој вид туризам“ порача Лескаровска.

    Exit mobile version