Последни написи

Сарачини: Борбата против дезинформациите е борба за опстанок на медиумите

Институциите, граѓанскиот сектор, образованието и особено политичките актери да се вклучат во борбата против дезинформациите кои предизвикуваат говор на омраза. Политичките актери да водат битка на идеи и решенија, наместо битка на пропагандата и деструктивна поларизација, вели Петрит Сарачини, новинар и претседател на Институтот за медиуми и аналитика (ИМА), во серијалот на ЦИВИЛ насловен: „Ослободи го умот“ – посветен на борбата против дезинформациите, пропагандата и хибридните закани.

YouTube player

Сарачини, одговарајќи на прашањето дали тој би купил кола од Мицкоски, што реферира на изјавата на О’Брајан дека од Мицкоски не би купил ниту автомобил, вели дека изјавата на американскиот дипломат О’Брајан го прикажа начинот на кој меѓународната заедница му упати порака на главниот опозициски фактор во земјата, ВМРО-ДПМНЕ, дека треба да биде поконзизтентен во однос на политиките зад кои барем декларативно стои таа партија 30 години од осамостојувањето.

Тој заклучува дека она што му треба на ВМРО-ДПМНЕ е ново возило, нова политика, што ќе ја врати како партија на основните вредности на кои се базира било која модерна демохристијанска партија во Европа, за каква што се декларираат.

Сарачини вели дека руската и проруската пропаганда и дезинформации успеваат да продрат длабоко во нашето општество и тоа преку меидумите и преку некои политички актери кои што се анти-западно настроени, додавајќи дека Македонија е дел од Европа и од тој западен свет и треба да знаеме каде е нашата позиција за просперитетно општество и подобар живот на граѓание. Тоа, вели Сарачини, е демократијата, а не диктатурата и автократијата.

„Сите во општестовото треба да направиме повеќе за дезинформациите да не бидат толку доминантни и влијателни во медиумскиот простор, а со тоа и кај граѓаните. Тука не гледам, кај медиумите, дека се борат со дезинформациите. Борбата против дезинформациите е борба за опстанок на медиумите“, вели Сарачини.

Тој истакна дека дезинфомрациите се ризик за безбендноста на државата, бидејќи ја поткопуваат довербата во институциите и создаваат кофликти во општеството. Но, додава и дека не гледаме поконкретни чекори кај институцииите за справување со дезинформациите.

Извор: ЦивилМедиа

Latest Posts

Не пропуштај