Последни написи

Зоран Божиновски-Буревесник шири лаги дека полицајци Албанци одбивале да апсат Албанци

Лицето Зоран Божиновски (Буревесник), кој се претставува како новинар, објави на Фејсбук дека наводно во МВР имало проблеми, односно полицајци Албанци не сакале да учествуваат во акција за масовно апсење во населени места со албанско население.

„Бојкот на акцијата е најавен и од Обвинителство. Најверојатно акцијата ќе биде откажана“…, пишува Божиновски во неговата лажна објава.

Од МВР за ЦИВИЛ Медиа велат дека објавата на Божиновски е лага.

„Станува збор за класична лага. Апелираме до граѓаните и до медиумите да не наседнуваат на ваквите лаги“, велат од МВР.

Дезинформацијата на Божиновски е масовно споделена на социјалните мрежи, која предизвика говор на омраза по етничка основа.

ЦМТ

Извор: ЦивилМедиа.мк

Latest Posts

Не пропуштај