Последни написи

Храната нема да поскапи – продолжен рокот на замрзнати цени до крајот на февруари

Продолжено е ограничувањето на цените на основните прехранбени производи, вода и одредени видови пијалоци до 29 февруари. Оваа одлука беше донесена на владина седница на 22 јануари.

„Владата на Република Северна Македонија донесе Одлука за изменување на Одлуката за посебни услови за трговија на одделни стоки, определување највисоки цени за одделни производи во трговијата на мало, како и обврска на трговците да прибавуваат и продаваат определени видови и количества на одделни стоки на потрошувачите, според определен редослед.

Со донесените измени на постоечката Одлука, на предлог на Министерството за економија, се продолжува ограничувањето на цените до 29 февруари 2024 година, наместо до 31 јануари 2024 година, за определени видови основни прехранбени производи и тоа: ориз, брашно, леб и други пекарски производи, бисквити, наполитанки, тестенини, месо и производи од месо, млеко, јајца, сирење, кашкавал и други млечни проиводи.

Владата донесе и Одлука за изменување на Одлуката за определување највисоки цени на одделни производи во трговијата на големо и трговијата на мало.

Со измените на постоечката одлука, исто така на предлог на Министерството за економија, се продолжува до 29 февруари, од претходно утврденото ограничување на цените до 31 јануари, за: минерална негазирана и газирана вода и негазирани и газирани пијалоци (сокови), во определени пакувања и светло пиво.“

Со ограничувањето на цените на одредени продукти, се стави крај на дивеењето на цените и истите почнаа да се намалуваат.

Пакетот мерки за заштита на стандардот на граѓаните даде резултат а истовремено се намалува инфлацијата. Пред една година стапката на инфлација кај храната изнесуваше 20 отсто, а сега е сведена на само 0,1 отсто кај храната, додека вкупната стапка на инфлација е намалена и изнесува околу 3,5 отсто.

Цените на храната континуирано паѓаат и на светските берзи, поради што се очекува цените полека да се намалуваат и низ маркетите низ Македонија.

Иако, во моментов кај нас се уште се во сила замрзнати цени на основните продукти, очекувањата се дека цените дополнително ќе се намалуваат, поради падот на цените на светските берзи.

Извор: Центар.мк

Latest Posts

Не пропуштај