Последни написи

Бочварски: Во последните три години изградивме и распределивме девет социјални станбени згради во девет градови

„Имало мандати на одредени влади кога по една до две социјални станбени згради биле изградени и распределени. Ние само во последните три години успеавме да изградиме и распределиме девет социјални згради во девет градови. Овие проекти се видливи за граѓаните“ рече министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски на конференцијата „Година на европски можности“.

Тој додаде дека распределни се вкупно 380 социјални станови во Гостивар, Македонски Брод, Струмица, Неготино, Демир Капија, Гевгелија, Виница, Свети Николе и Пробиштип, а се работи на вкупно 864 социјални станови во уште неколу градови.

„Ова е значајни ради тоа што Владата треба да биде тука и да подаде рака кога е потребно да се помогне на некој граѓанин кој се нашол во таква состојба да остане без сопствен дом, да излеземе во пресрет и да го решиме ваквото прашање“ рече Бочварски.

Министерот се заблагодари на комисијата во Министерството за транспорт и врски, како и на Министерството за труд и социјална политика за добриот напредок на ова поле.

 

Latest Posts

Не пропуштај