Последни написи

Ковачевски: Финансиската поддршка од ЕУ за земјава се проценува на над 3,3 милијарди евра, во сите кризи ни беа партнер

„За сите наши политики голема е поддршката која ја добиваме од Европската Унија. Од независноста до денес, финансиската поддршка на ЕУ се проценува на над 3,3 милијарди евра. Воедно, во време на кризи, нашите партнери беа тука за нас. За ублажувањето на последиците од КОВИД пандемијата, Северна Македонија од ЕУ доби 160 милиони евра. Добивме и грант од 80 милиони евра за справување со енергетската криза“ рече премиерот Димитар Ковачевски на конференцијата „Година на европски можности“.

Тој додаде дека Европската комисија предложи и одобри и 100 милиони евра макрофинансиска помош за Северна Македонија, а на располагање останува и инвестицискиот фонд за Западен Балкан во кој има проектирано 9 милијарди евра за инвестиции до 2027 година.

„Планот за раст, за кој вчера имавме лидерски состанок на високо ниво, во присуство на високи претставници на ЕУ и САД, како и на меѓународните финансиски институции, е досега најсериозната политичка потврда од Унијата дека тие имаат конкретен план за ефикасна европска интеграција на Западен Балкан“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека со реализација на Планот за раст, која зависи од ЕУ, но пред се од нас, земјите од Западен Балкан ќе можат да го удвојат БДП-то по глава на жител, односно од просечните шест илјади евра, да се зголеми на 12 илјади евра по глава на жител во следните десет години.

„Планот ги отвора вратите за локалните бизниси и работници кон регионот и кон Европа, а воедно и ќе го направи регионот попривлечен за европските и светските инвеститори“ рече Ковачевски.

 

Latest Posts

Не пропуштај