More

    Џејмс О’ Брајан: Никој нема да може да стави вето на другиот, секоја земја е одговорна за своите сопствени реформи

    „Ова е нешто што ќе почне да се применува оваа година и тоа ме води до тоа како знаеме дека ова ќе функционира кога многу други иницијативи базирани на политички поделби кои што ги има во овој регион не успеале. Во оваа програма никој не може да стави вето на другиот секоја земја е одговорна за своите сопствени реформи и за работата на соседите. Сега државите кои што ќе ја прифатат оваа иницијатива ќе ги добијат придобивките брзо и нема да чекаат решавања на некој неповрзан билатерален спор, ова се неверојатни достигнувања,“ рече помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД, Џејмс О’ Брајaн на прес конференција во Скопје, по состанокот на лидерите на земјите од Западен Балкан на кој се дискутираше за Планот за раст на ЕУ.
    О’ Брајан истакна дека се дискутирало за две практични идеи, едната би ги намалила надоместоците кои треба да се плаќаат за пренос на пари со што луѓето ќе заштедат околу 500 милиони евра на годишно ниво, а се работи за 5 проценти на секој пренос на Европа кон регионот.
    Тоа е навистина многу за поединец или пак за мал бизнис кој што се обидува да расте. Исто така зборувавме за проширување на зелените ленти кои исто така се едни од најважните чекори кои ги има преземено ЕУ за да му дозволи на овој регион да тргува,“ додаде О’ Брајан.
    Тој посочи дека лидерите ќе се среќаваат редовно за да го ревидираат напредокот и за да ги решаваат политичките спорови кои што останале.
    „Оваа работа ќе се врши транспарентно редовно ќе зборуваме за неа и ќе видиме каков напредок сме постигнале. Некои земји во регионот ќе напредуваат побрзо некој може да заостануваат во некои иницијативи да имаат помалку придобивки но ќе зависи од граѓаните на секоја земја да одлучат дали им се допаѓа она што го прави нивната влада за да ја искористи оваа прилика,“ порача О’ Брајан.

     

    Exit mobile version