Последни написи

(ЕКСКЛУЗИВНО) ПРЕС КОМИНИКЕ на ко-претседавачите на самитот во Давос, Швајцарија и Украина, за клучните принципи за мир за Украина

ПРЕС КОМИНИКЕ на ко-претседавачите на самитот во Давос, Швајцарија и Украина, на 4-от состанок на советниците за национална безбедност и надворешна политика во врска со клучните принципи за мир за Украина

Давос, Швајцарија, 14 јануари 2024 година (неофицијален превод)

Во Давос, Швајцарија, се одржаа меѓународните консултации за клучните принципи за мир за Украина. Консултациите вклучија лично и онлајн учество на советници за национална безбедност и надворешна политика од 82 земји и меѓународни организации.

Овој состанок е продолжение на состаноците во Копенхаген на 24 јуни 2023 година, во Џеда, на 5 август 2023 година и во Малта на 28 октомври 2023 година. Целта на овој и на претходните состаноци е да се елаборира унифициран и заеднички пристап за тоа како да се стави крај на војната против Украина со праведен, сеопфатен и траен мир и да се развијат мерки за надминување на регионалните и глобалните последици од војната.

Учесниците изразија длабока благодарност до Швајцарската Конфедерација за нејзиното извонредно гостопримство и организацијата на четвртиот круг консултации за клучните принципи за мир. Состанокот во Швајцарија е симболичен, со оглед на тоа дека оваа земја отсекогаш била посветена на принципите на меѓународното право. Токму во Женева, Швајцарија, меѓународната заедница усвои голем број конвенции за постапување со луѓе за време на војна, вклучително и Женевската конвенција за заштита на жртвите од војната од 1949 година.

Овој состанок на советници се одржува на 690-от ден од почетокот на неиспровоцираната инвазија од големи размери на Украина од страна на Руската Федерација. Бруталната војна против Украина трае речиси две години и е придружена со постојани масовни напади врз цивилната и критичната инфраструктура на Украина и нејзиното население. Само неодамнешните напади со ракети и дронови врз најголемите градови во Украина ги одземаа животите на неколку десетици украински цивили, што секако ќе биде строго осудено.

Беше нагласено дека безбедноста на Украина е составен дел од светската и регионалната безбедност, затоа војната против Украина останува еден од главните дестабилизирачки фактори за безбедноста во светот. Поради ова, мировните напори мора значително да се зајакнат за да се стави крај на војната на праведен и сеопфатен начин. Задачата на светската заедница нема да биде само да ја прекине војната, туку и да ги надмине последиците од сите тие кризи што беа предизвикани од неа низ целиот свет.

Тоа беше отворена и конструктивна средба, за време на која детално се дискутираше за клучните принципи врз кои треба да се изгради сеопфатен, праведен и траен мир за Украина и за целиот свет. Таквиот мир може да се заснова само на Повелбата на ОН, соодветните резолуции на Генералното собрание на ОН и клучните принципи на меѓународното право.

На оваа средба на високо ниво, продолжувајќи ги деталните дискусии во Малта, се дискутираше за извештаите за спроведување на акционите планови во следните насоки за постигнување на сеопфатен, праведен и траен мир: „Повлекување на руските трупи и прекин на воените дејствија“, Враќање на правдата“, „Еколошка безбедност“, „Спречување на ескалација и повторување на агресијата“ и „Потврда за крајот на војната“. Посебни панели за дискусија беа посветени на аспектите на безбедноста на храната и хуманитарните аспекти на војната.

Овој состанок ги постави неопходните предуслови за подготовка на состанок на лидери на држави и влади, што може да даде поттик на високо ниво за воспоставување на заедничка и универзална основа за постигнување на сеопфатен, праведен и траен мир за Украина врз основа на украинската Формула за мир. Лидерскиот состанок може исто така да даде поттик за низа тематски состаноци во различни земји на министерско, парламентарно, експертско и друго ниво за да се подготват детални предлози за лидерите.

Советниците за национална безбедност и надворешна политика ќе продолжат тесно да соработуваат за да обезбедат најширока можна меѓународна поддршка за сеопфатен, праведен и траен мир за Украина и светот.

Извор: ЦивилМедиа

Latest Posts

Не пропуштај