Последни написи

Биљали за Студио на Слободен печат: Потребен е вистински мерит систем во државните институции

Во интервју во Студиото на Слободен печат, политичкиот аналитичар Мерсел
Биљали коментирајќи ги случувањата во М-Нав истакна дека во такви важни,
витални институции потребен е сериозен пристап во вработувањето, но и во
напредувањето во хиреархијата.

Биљали посочи дека потребен е вистински мерит систем за вакви случувања повеќе
да не се повторуваат.

„За да имате мерит систем ви треба закон со кој не само административната
структура и структурата која е на власт да одлучува кој ќе биде примен на работа,
мора да имате друга структура, дури и сегмент од опозицијата, јавноста па дури и
медиумите кои ќе одлучуваат, по што се прават и тестирања и се одбираат
најдобрите кандидати“ истакна тој.

Биљали посочи примери од други држави, каде што таквиот систем функционира.

„Добар пример за тоа како функционира тој мерит систем е Швајцарија, каде никој
не може да ти помогне ако не ги минеш тестовите, без разлика дали си брат на
министер и пратеник. Таму со учење со посветена напорна работа може да се стане
важен човек во општеството, за разлика од овде“ заклучи Биљали.

Latest Posts

Не пропуштај