Последни написи

Лукаревска: Без лиценца, складишен простор за чување на нафта и без бензиска пумпа три компании се обиделе да го изиграат даночниот систем, законот од 2006 забранува објава на имињата

„Ние детектиравме еден од овие три случаи, и од таму почнува да се шири цела оваа мрежа и шема која истовремено сме ја исконтролирале со тоашто од една страна ги имаме даночните обврзници, а од друга страна добавувачите и навремено сме ги известиле истражните органи, за да продолжат да постапуваат во својот домен. Значи МВР, Јавно обвинителство и финансовата полиција,“ рече директорката на Управата за јавни работи и заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во Топ Тема на ТВ Телма, во врска со случајот на трите нафтени компании кои со фиктивни фактури по основ на поврат на ДДВ сакале да испумпаат од буџетот 2.6 милиони евра.

Лукаревска појасни дека станува збор за три компании.
„Првиот и третиот случај имаат соодветна поврзаност преку соодветен ист сопственик,
односно имаат ист основач. Првиот и третиот случај имаат ист сметководител којшто работел исклучиво само за овие два даночни обврзника. Кај втората компанија е интересно што нејзината дејност се менува по извесен период, а со промена на дејноста станува недостапна за првиот и третиот случај за да ја внесат во таа шема. Нема ниту лиценца, ниту складишен простор за чување на нафта, ги нема основните потреби коишто треба да ги има една нафтена компанија за да се занимава со оваа дејност,“ рече Лукаревска.

Таа посочи дека и при увидот е констатирано дека воопшто не постои бензиска пумпа, и како што вели, тоа значи дека не само што го изиграле делот на даночно работење, туку ги изиграле сите правила и закони коишто треба да ги исполнуваат сите нафтени компании за да ја вршат оваа дејност.

Но, поради законска забрана од 2006 година не можеме да ги соопштиме имињата на
даночните измамници. „Даночна тајна“ е во Законот за даночна постапка уште од 2006 година. И многупати недисципплираните, злосторничките здруженија и бизнис функционирањето меѓу компаниите не можеме да го објавиме поради обврската по овој Закон. Листата на должници исто така е предвидена во Законот за даночна постапка, дека можеме да ги објавуваме износите коишто ги должат должниците и нивните имиња. Транспарентноста според оваа „даночна тајна“ е ограничена,“ рече Лукаревска.

Таа информираше дека за случаите со трите компании не станува збор за големи компании туку за мали и средни. Додека добавувачите се големи и средни компании.
„Паралелно на оваа листа на должници од коморите имаше барање за бела листа на плаќачи, и би било навистина одлично да ги видиме и најдисциплираните, оние кои најмногу допринесуваат на приходната страна на буџетот.

Latest Posts

Не пропуштај