More

    УЈП спречи измама со поврат на ДДВ од три даночни обврзници и петмина добавувачи на нафтени компании

    Како што најави Директорката на УЈП и заменик-претседателка на СДСМ, Сања Лукаревска, Управата за јавни приходи (УЈП), објави детали за начинот на кој нафтени компании со лажни фактури сакале да добијат поврат на ДДВ и исплати по основ на Данок на личен доход.

    – Станува збор за три даночни обврзници и петмина добавувачи. Нема оштетување на Буџетот затоа што даночните службеници спречиле исплати за поврат на ДДВ од 160 милиони денари и за Данок на личен доход од 19 милиони денари, информираше директорката на УЈП Сања Лукаревска, на брифинг со новинари.

    Како што обелодени Лукаревска, УЈП спровеле контроли кај три даночни обврзници регистрирани за вршење дејности трговија со нафта и нафтени деривати на големо и мало кои пристапиле кон изигрување на законите преку промена на назив и седиште на правното лице, како и промена на сопственичката и управувачката структура, без да имаат пријавени вработени, соодветни лиценци од Регулаторната комисија за енергетика, бензинска пумпа и складишен простор, служејќи се со фиктивни фактури за милионски суми.

    УЈП за овие случаи доставиле писмени пријави со докази до ОЈО и МВР на 15 ноември 2023 година, а до Управата за финансиска полиција на 1 декември 2023 година.

    Кај првиот контролиран случај станува збор за утврдени неправилности по основ на ДДВ од 79.350.190 денари, во вториот од 26.090.205 денари, а во третиот случај за 54.676 милиони денари. УЈП спровела постапка за присилна наплата на Данок на солидарност кај осум даночни обврзници, кај седум е завршена и останува уште еден од трговија со дрва, градежен материјал и санитарна опрема, а кој треба да уплати уште шест милиони денари.

    Покрај тоа што затајувале данок ја смениле и основачката структура, кај едниот даночен обврзник сопственик станува лице од Хрватска, а во другиот случај државјанка од Косово. Додека кај првата и третата фирма како првичен основач се јавува исто лице од Македонија кој меѓувреме си го променил презимето.

    Извор: Фронтлајн

    Exit mobile version