Последни написи

Маричиќ во Студио 10: Уставните измени се дел од преговарачката рамка и тие треба да се донесат

Тоа што оваа година е изборна не значи дека треба да сопреме со напорите и реформите, туку напротив, треба да направиме одредени важни работи во Собранието, како што и претходно покажавме дека можеме да направиме доста во Собранието, рече вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ во интервју за Студио 10 на Телевизија 24.

„Така беше со изборот на ДКСК, изборот на некои други тела и комисии, изборот на директор на АНБ, сето тоа се двотретински одлуки, значи ние на дело сме покажале дека може се да функционира кога има волја“ порача тој.

Без разлика дали сакаме да зборуваме за нив или не, рече Маричиќ, уставните измени се наша обврска и услов за да продолжи интегративниот процес и без нив не е можен никаков напредок.

„Тоа е обврска која ќе биде на масата, ќе биде обврска и понатаму, затоа што така е запишано во оние услови на преговарачката рамка. Ние треба да се погрижиме што помала да биде паузата меѓу оваа фаза и наредната фаза, затоа што во меѓувреме, Украина и Молдавија ќе го завршат скринигот и забрзано ќе влезат во таа фаза во која ние треба да влеземе“ порача Маричиќ во Студио 10.

Извор: тв24

Latest Posts

Не пропуштај