Последни написи

Василичарите во Вевчани ги запалија маските за да не се повтори злото, но како Мицкоски да ја „запали“ изјавата со желби за добро расположение?

Василирачите, според традицијата, на крајот од карневалот во Вевчани ги запалија маските со кои се потсмеваа со општествените и политичките случувања и гафови со цел никогаш да не се повторат.

Силна е оваа симболика како дел од 15 вековната традиција на Вевчанскиот карневал. Маските можат да се запалат и да изгорат со желбата никогаш да не се повторат, но како да се ја „запали“ изјавата лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, кога во траорната атмосфера во Вевчани заради трагичната на 19 годишното момче посака „денот да помине во добро расположение“, иако изрази сочувство „за инцидентот“ што се случил во којшто се случил во раните утрински часови.

Мицкоски мораше да биде повнимателен и да ги избере вистинските зборови во својата изјава. Но, тој како како да живее во паралелен свет, посака добро расположение на карневалот.

„Очекувам успешен ден и покрај тоа што го изразувам моето најискрено сочувство за инцидентот кој што се случи во раните утрински часови овде во Вевчани. И посакувам денот да помине во добро расположение“, рече Мицкоски.

Вевчани денеска беше завиено во црно, а вевчанци ги „собраа“ последните сили и во еден таков момент, карневалот сепак да се одржи, но без забавниот дел и без традиционалното оро сред село.

За жал, со својата невнимателна изјава, Мицкоски се претопи во напливот на недолични коментари на симпатизери на опозициската партија кои трагедијата на семејството Мукоски ја ставаа во контекст на постапката поранешниот пратеник Крсто Мукоски кој гласаше за уставните измени после кои Северна Македонија стана членка на НАТО, а тој беше исклучен од партијата.

Василичарите во Вевчани ги запалија маските за да не се повтори злото, но како Мицкоски да ја „запали“ изјавата со желби за добро расположение?!?

Latest Posts

Не пропуштај