More

    Иванова во Студио на Слободен печат: Медиумите имаат обврска да ја промовираат културата

    Во гостување во студиото на Слободен печат авторката Тина Иванова оцени дека медиумите имаат важна улога во промоцијата на културата кон пошироката јавност.

    „Медиумите мора да се посветат на промовирање на културата. Секој ден буквално, па дури и во вестите треба да има прилози и теми од културата, потребни ни се и културни емисии какви што ги гледаме на телевизиите во соседството“ заклучи Иванова.

    Таа додаде дека брзиот начин на живот, социјалните медиуми ги менуваат животните навики на луѓето, но истакна дека во нашата држава голем дел од луѓето се уште редовно читаат книги, одат на концерти и претстави.

    ,,Ме радува фактот што се читаат нови македонски автори но и автори од современата европска книжевност” порача Иванова.

    Извор: СлободенПечат

    Exit mobile version