More

    ВОЕН ИЗВЕШТАЈ: Руски воени злосторства и кршење на човековите права во војната против Украина

    • Следниот извештај дава ажурирани податоци од 8 јануари, 2024 година во однос на руските воени злосторства и кршењето на човековите права во војната против Украина. Истакнува случаи на употреба на оружје за масовно уништување против цивили, што резултира со жртви и оштетување на инфраструктурата.
    • Во документот се прикажани статистички податоци за бројот на загинати и повредени деца, засегнати цивили и штетите на медицинските установи од почетокот на руската инвазија.  
    • Во извештајот се наведуваат конкретни случки во различни региони, вклучувајќи ги Кијив, Донецк, Луганск, Днипро, Харков, Херсон, Хмелницки, Миколаев и Запорожје.
    • Информациите се добиени од украинските власти и го нагласуваат сериозното хуманитарно влијание на конфликтот.

     

    Употребата на оружје за масовно уништување против цивили претставува злосторство против човештвото и кршење на четирите Женевски конвенции од 1949 година. Со убивање на цивилни лица, силите на агресорот продолжуваат да вршат злосторства против човештвото, како што е дефинирано со Статутот на Меѓународниот воен трибунал и Римскиот статут на Меѓународниот кривичен суд, цинично непочитувајќи ги сите барања од Женевската конвенција во однос на Заштитата на цивилни лица во време на војна. Според овие норми, намерни напади врз цивилни лица кои не се директно вклучени во непријателски дејствија се поистоветуваат со воени злосторства.

    Земањето цивилни заложници претставува директно крешње на членовите 3 и 34 од Женевската конвенција во однос на Заштитата на цивилни лица во време на војна, член 9 од Меѓународниот пакт за граѓански и политички права и член 5 од Европската конвенција за човекови права.

    Заклучно со 8 јануари, 2024 година, од почетокот на руската инвазија на Украина, загинале 520 деца, а повеќе од 1186 деца се повредени. Поради активните непријателски дејствија во погодените региони, нема можност да се направи увид во областите на гранатирање и уништување.

    Во Украина, најмалку 13 цивили загинаа, а уште 116 се повредени од страна на руските воени сили во периодот од 02 до 07 јануари, како резултат на руската агресија. Информациите се базираат на податоци обезбедени од регионалните воени администрации.

    Во Украина, од 24 февруари 2022 година, руските напаѓачи имаат оштетено 1,501 објект на медицински установи. Уште 195 се комплетно уништени. Ова е објавено од Министерството за здравство.

    Инфографик: Воени злосторства извршени од страна на РФ во Украина

    Кијив и регионот

    Се дозна за смртта на уште едно цивилно лице кое беше повредено во Кијив за време на масовен ракетен напад на 2 јануари. Ова е трета жртва на руски проектил кој погоди станбена зграда во главниот град. Вкупно 22 лица од оние кои беа хоспитализирани на 29 декември и 2 јануари моментално се во болницата во Кијив. Едно од нив е во тешка состојба.

    Регионот Доњецк и Луганск

    Во текот на 7 јануари, полицијата ги регистрира последиците од 9 руски напади врз регионот Доњецк. Окупаторите гранатираа 7 населени места, таргетираа домови и социјална инфраструктура со авијација, С-300 САМ „Смерч“ и ракетниот систем „Град“, артилериски цевки. Едно цивилно лице загина, уште едно е повредено. Оштетни се 21 цивилен објект: 15 станбени згради, училиште, градинка, амбуланта, административна зграда, земјоделска зграда и автомобил.

    На 6 јануари, руските војници истрелаа 8 ракети врз областа Покровск. Се знае дека 5 деца на возраст од 3,7,9, 14 и 17 години загинале како резултат на нападот на руските окупатори. Покрај тоа, една жена загина во Покровск, а уште 7 лица се повредени. Две лица се повредени во селото Ривне. Повеќе од 30 приватни куќи, исто така, се оштетени како последица од нападот.

    На 4 јануари, руските трупи ја гранатираа Катеринивка во областа Покровск со артилерија со цевки. Загина 68-годишен маж од експлозија на граната. Исто така, 86-годишен маж е пренесен во болница со скршеница на колкот и рана од шрапнел на главата. Руската војска ја нападна Краснохоривка со истото оружје. 73-годишна жена почина од рана во сопствениот дом. Парче од руска муниција ја погодило жената во слеоочницата. Окупаторите ја нападнаа и Авдиивка. 55-годишен локален жител се здоби со рана од шрапнел во грбот како последица од гранатирањето на градот со ракетниот систем „ГРАД“.

    На 3 јануари, руските трупи го нападнаа градот Гирник со артилерија. Една од гранатите погоди приватна куќа во која биле сместени мајка и нејзиниот малолетен син. 16-годишен тинејџер се здобил со телесни повреди и бил итно хоспитализиран во болница. Му биле константирани повреди од мини и краниоцеребрални повреди, контузии и модринки. Покрај тоа, експозии оштетиле приватна станбена зграда и земјоделски згради.

    Днипро и регионот

    Утрото на 8 јануари, руските окупаторски сили започнаа масовно гранатирање на инфрструктурата на регионот Днипро. Ракетите беа насочени кон различни области на регионот. Засега, има еден смртен случај и 28 повредени.

    Како резултат на непријателскиот напад на Криви Рих, еден локален жител се здобил со рани од шрапнел. Шопинг центар и 20 станбени згради се оштетени. 62-годишна жена загинала под урнатините кога проектил погодил приватна куќа во областа Криви Рих.

    Во Новомосковск, оштетени се административни згради, бензински пумпи, петкатница и автомобили. Експлозивниот бран преврте минибус со патници. Претходно, 28 лица беа повредени, од кои четири деца.

    На 6 јануари, руската војска започна артилериско бомардирање на Никопол. Загина едно цивилно лице како последица на гранатирањето. Повредени се 16-годишно девојче о 66-годишен маж. Оштетени се приватни куќи, земјоделски згради, автомобили, гасоводи, далноводи.

    На 4 јануари, руската војска изврши артилериски бараж и напад со беспилотни летала врз Никопол. Двајца мажи се повредени и хоспитализирани. Оштетени се 8 приватни куќи, помошни згради, гаража, автомобил, приватно претпријатие, гасовод, далноводи.

    Харков и регионот

    Како последица на рускиот напад врз градовите Харков и Змиив утрото на 8 јануари, загина едно лице, пет цивили се повредени, а оштетени се две приватни куќи и регионален центар за стручно образование.

    Вечерта на 7 јануари, руски војници го гранатираа градот Вилча, област Чухуив и оштетија пансион. Истиот ден, непријателот го нападна селото Велики Бурлук, област Купијанск. Оштетени се зградата на болницата, зградата на културата и граѓанското претпријатие. Според првични информации, непријателот погодил населени места со наведувани воздушни бомби. Како резултат на руското артилериско гранаторање, оштетена е станбена зграда во селото Кившаривка, област Купијанск.

    На 7 јануари, руските окупатори го гранатираа селото Сенкове во областа Купијанск. 17-годишно момче се здоби со рана од шрапнел. Селото Нечволодивка од областа Купијанск, исто така, беше гранатирано. Загина цивилно лице. Уште една жена беше повредена. Станбени згради, земјоделски згради и автомобили беа уништени и оштетени во населенето место. Руските војници го погодија селото со мало оружје.

    На 6 јануари, вооружените сили на Руската Федерација започнаа минофрлачко гранатирање на Вовчанск. Локален жител се здоби со повреда од мина. Оштетени беа станбени згради и подрачјето на претпријатието. Ноќта истиот ден, руски воен персонал пукаше врз Купијанск со ракетен систем. Училишната зграда и станбени згради беа оштетени. Еден цивил е повреден. Како резултат на последователно гранатирање, оштетени се приватни домови, земјоделски згради, петкатна станбена зграда и градинка.

    На 5 јануари, руски војници го гранатираа селото Козача Лопан. Оштетени се приватни куќи. Исто така, на 4 јануари и ноќта на 5 јануари, непријателот систаматски го гранатираше Липци од областа Харков. Во неселеното место се оштетени станбени згради, административни згради, земјоделски згради и автомобили.

    Вечерта на 3 јануари, руската војска го гранатираше селото Мороховец. Загина 73-годишен маж, една жена е повредена. Истиот ден, непријателот со артлерија ја гранатираше областа Купијанск. Оштетени се станбени и комерцијални згради.

    Утрото на 3 јануари, руската војска започна минофрлачко гранатирање на Липци, област Харков. Оштетени се станбени згради. На 2 јануари, руските окупатори со артилерија го гранатираа Купијанск. Повредена е 83-годишна жена. Бројот на загинати како последица на руското гранатирање на Харков на 2 јануари се зголеми на двајца. Уште една жена почина во болница. Како резултат на непријателскиот напад, оштетени се станбени згради, комерцијални згради, цивилна инфраструктура и автомобили. Повредени се 61 лице, вклучувајќи шест деца.

    Херсон и регионот

    Во текот на изминатиот ден, 7 јануари, руската војска изврши 131 гранатирање во регионот Херсон: двајца се убиени. Уште 5 лица се повредени. Ова беше соопштено од страна на шефот на регионалната воена администрација, Олександр Прокудин. Погодени се станбени квартови на населените места, објект од критична инфраструктура и подрачјето на фабрика во Херсон и продавница во областа Берислав.

    На 6 јануари, како последица од гранатирањето на окупаторите врз селото Даривка, регионот Херсон, повредени се 9-годишно момче и девојче. Исто така, 56-годишен маж е хоспитализиран поради гранатирањето на заедницата Тјагинка.

    На 5 јануари, руската војска гранатираше село во заедницата Даривка на регионот Херсон. Како резултат од нападот на непријателот, локален жител се здоби со фатални повреди. Друг маж е повреден, пренесен во болница.

    Истиот ден, руската војска повторно го гранатираше градот Херсон. Како резултат од нападот, четири лица се повредени од различен степен. Покрај тоа, оштетени се магацин со хуманитарна помош, станбени згради и возила.

    На 4 јануари, руската војска ја гранатираше заедницата Станислав со артилериско оружје. Загина 62-годишен локален жител како последица од нападот на непријателот. Покрај тоа, повредени се 48-годишна жена и 54-годишен маж. Оштетени се и две приватни куќи и два автомобили од експлозија на граната.

    На 3 јануари, руската војска гранатираше село во заедницата Даривка на регионот Херсон. Како резултат од непријателскиот напад, 86-годишен локален жител се здоби со фатални повреди.

    Хмелницки и регионот

    Во градот Хмелницки, две лица загинаа и оштетена е станбена зграда како последица од руски ракетен напад утрото на 8 јануари.

    Миколаев и регионот

    На 4 јануари, вооружените сили на Руската Федерација извршија воздушен напад со беспилотни летала врз населените области на заедницата Горохивске. Како последица од нападот, оштетени се хангари со земјоделски производи и простории на подралјето на едно од земјоделските претпријатија, излеано е дизел гориво и оштетени се приватни станбени згради и еден културен центар.

    На 3 јануари, руската војска ја гранатираше Снигуривка во областа Баштанка. Четири локални жители – двајца мажи, една жена и 12-годишно девојче – се повредени. Девојчето се наоѓа во тешка состојба. Како реултат од нападот, оштетени се над 30 станбени и комерцијални згради, како и возила на граѓаните.

    Запорожје и регионот

    Утрото на 8 јануари, војската на земјата агресор започна уште еден ракетен напад врз Запорожје. Според првичните информации, повредени се пет локални жители. Ракетите удриле во близина на станбени згради. Од бранот на експлозијата и урнатините оштетени се прозорци и балкони на висококатниците. Автомобилите се уништени и осакатени. Индустриските објекти на регионалниот центар се уништени.

     

    Обезбедено од: Владината канцеларија за координација на европската и авроатлантската интеграција

    Извори: Комесар за човекови права на Врховната Рада на Украина, Канцеларија на јавниот обвинител, Министерство за одбрана, Министерство за внатрешни работи, Државна служба за вонредни состојби, Националната полиција, релевантни градски совети и регионални државни администрации.

    Овој документ претставува неофицијален превод од оригиналот на украински.

     Превод од англиски: Н. Цветковска

    Извор:ЦивилМедиа

    Exit mobile version