More

    Тасевски: Дури и при штрајк на М-НАВ, мора да се пружи услуга на авиони за итни случаи

    „Законските норми се пропишани и ги има во законите. Се е дефинирано како може
    да се штрајкува и ние тоа го запазуваме. Мора да се пружи услуга на авиони на
    полиција, војска, за итни ситуации од медицински потреби, пожари“ рече
    претседателот на синдикатот на М-НАВ, Александар Тасевски во утринската
    програма на Слободен печат.

    Тој додаде дека кога се зборува за затворање на небото, се мисли на
    комерцијалниот дел, а не за безбедност.

    „Секој што би бил во вонредна ситуација и ние како професионалци не би
    дозволиле да остане без контрола на летање“ рече Тасевски.

    Тој изјави дека нема ни желба ни потреба од политички амбиции и дека посекува
    нормална професија каде што се е средено.

    Тасевски објасни и дека контролорите на летање се обучуваат и тестираат во странство, а потоа секоја година се проверува знаењето.

    „Процесот за вработување на контролор на летање започнува со селекција и
    школување во школски центри во странство. Тие не се во Македонија бидејќи за
    тоа е потребна институција која треба да задоволи европски стандарди и е
    неисплатлива поради бројот на контролори кои ние ги вработуваме“.

    Тој додаде дека тој школувањето го започнал во Белград, каде што полагал 18
    предмети, но постојано низ годините има обуки.

    „За разлика од факултетите, кај нас има шанса за полагање само два пати. Првиот
    пат ако падне некој добива втора шанса, но вториот пат ако падне нема понатаму.
    Тоа е меѓународен стандард“ рече Тасевски.

    Тој додаде дека контролорите на годишно ниво се проверуваат за тоа дали го
    задржале квалитетот и дека со секоја промена на дел од опремата тие имаат
    задолжителни нови обуки и тренинзи.

    Exit mobile version