Последни написи

Маричиќ: Во изминатите седум години го свртевме правецот од изолација и безнадежност во членка на НАТО и преговори со ЕУ

„Во изминатите седум години го свртевме правецот од изолација, од позиција на
безнадежност во евроатланските интеграции денеска сме членка на НАТО и преговараме за членство во ЕУ. 2022 година беше пресвртна точка, за жал бевме доведени во една ситуација во која и покрај тоа што заслужено требаше да ги започнеме преговорите, од внатрешни причини на Европската Унија а потоа и прашањето коешто го отвори Бугарија бевме доведени во ситуација во јули 2022 година да го постигнеме оној компромисен француски или европски предлог којшто ни овозможи да ги почнеме преговорите за првпат по седумнаесет години“, изјави Бојан Маричиќ вицепремиер за европски прашања во утринското гостување во емисија
на „Слободен печат“.

Тој додаде дека нашата земја го добила тоа што го барала и заслужувала долго време.

„Како еден од условите за продолжување на преговорите по фазата на скринингот беа и уставните измени. Ние можеме да бидеме сосема задоволни и без задршка да си честитаме за она што го постигнавме во последните две години. Го започнавме и завршивме процесот на скрининг, од 15 месеци, којшто воопшто не е ниту едноставен ниту лесен процес. Напротив, тоа е комплексен процес кој опфати илјада луѓе, наша делегација, кои поминаа низ тие состаноци, 100 работни дена, 850 презентации, 200 институции. Тоа е една обемна операција која ни донесе јасна слика до каде сме и што треба да направиме“, потенцираше Маричиќ.

Тој додаде дека луѓето коишто активно учествувале во скринингот не се обични граѓани туку луѓе врз коишто почиваат институциите без разлика што администрацијата е предмет на критика, но дека таму биле добри луѓе без кои државата не може да функционира.

„Во тие илјада луѓе, јас знам лично голем дел од нив бидејќи лично бев присутен на најголем дел од скрининзите. Навистина доаѓаат од сите партии или не доаѓаат од ниту една, но сите работеа тимски за истата цел. Администрацијата е посвесна од политичарите од опозицијата коишто одбиваа отворени покани од наша страна да земат поактивно учество во целиот тој процес дури и националниот совет за европски интеграции којшто има надлежности во тој дел. На крајот од скринингот имавме фаза на консултации за патоказите кои се услов за да можеме да го отвориме првиот кластер. Патоказите за владеење на право и реформи во јавната администрација коишто се разгледаа на Собранието на заедничка седница на националниот совет за евроинтеграции и комисија за европски прашања и беа едногласно поддржани и така владата ги испрати во Брисел“, посочи Маричиќ.

Тој заклучи дека кога се има волја може на дело да се покаже дека заеднички се работи за истата цел. Тој модел е пожелно да се постави како пракса во наредниот четиригодишен период, на наредниот мандат на оваа влада, односно да постои конструктивна соработка со опозицијата.

Latest Posts

Не пропуштај