More

    Царина: Приходите од акцизи пораснаа за 5 отсто, собрани 32,4 милијарди денари

    Приходите на Царинската управа минатата година пораснаа по секој основ, објави директорот Стефан Богоев. Тој соопшти дека има раст од пет отсто на приходите од акциза и дека во изминатата 2023 година се собрани 32,4 милијарди денари.

    Тоа е раст од 1,5 милијарди денари во однос на 2022 година, кога по основ на акциза биле собрани 30,9 милијарди денари.

    Вкупните приходи кои ги наплатила Царинската управа во 2023 година изнесуваат 117,9 милијарди денари, средства кои се слеваат во Буџетот и се еден од главните извори за инвестиции во здравство, образование, инфраструктура.

    Во 2023 година, освен од акцизите, поголем приход е забележан и од растот на приходите од данок на моторни возила и приходи од основ на царина. Во вкупните приходи на Буџетот на Северна Македонија, Царинската управа учествува со 43 отсто.

    Exit mobile version