Последни написи

ЗА МАКЕДОНЦКИТЕ РАБОТИ: Историјата по патот на една книга

Каде беше и кога, како се сретнаа Конески и „За Македонцките работи“ на Мисирков?

БОРКО ЗАФИРОВСКИ

Денес, проф. д-р Весна Костовска, објави кус по обем, но значаен текст на потсетување и учено, аргументирано валоризирање, цитирајќи го најмеродавниот авторитет во нашата литература и лингвистиката на втората половина на дваесеттиот век, професорот  Блаже Конески, за вредноста и значењето на најскапоцената книга во нашата државотворна историја (19-ти и 20-ти век) од Крсте Петков Мисирков издадена во Софија (Бугарија) во 1903 година.

ЗА МАКЕДОНЦКИТЕ РАБОТИ – К. П. Мисирков

Воедно, таа скромна цртичка од запис, повикува на совесно и зрело бележење на настаните, делата и луѓето кои во одредени епохи ги ределе камчињата на културно-историскиот континуитет, без кој вчера, денес и утре, не ќе се бореше, а тек, разговараше за спецификите и вредностите на нашата култура и модерната обврска во Европа и светот, на кој му припаѓа а не обврзува да го чуваме.

Бидејќи нема големи и мали култури, доминантни или не, според заклучоците на Министерската конференција од  мај 1996 во Братислава (Словачка), на која настапив со проф. Е. Шелева, учествувајќи во редефинирање на темата (од доминантни и мали), во културите на Европа, актуелностите бараат од нас да се препрочитуваме за да не ги однесе негрижата, или ветрот, херојските песни како суви лисја, што ги тагува Англискиот поет Volkot на англиски, бидејќи неговиот јазик на народот од кај Индиите, веќе и не постои.

Меѓу естетичарите (проф. Ѓорѓи Старделов, проф. Иван Џепаровски и други) се воспостави една работна и научна методологија за препознавање на епохи, па можеме да зборуваме за епохите на Мисирков и Рацин, односно на Конески.

Нив ги поткрепува како сврзник, херојската борба во успешното победоносно востание од 11 октомври 1941, и неговата победа во 1945, со сојузниците на антифашистичката коалиција.

Имено, тоа беше и повик за градење на сите државни структури и секако, дефинитивното трасирање, кодифицирањето на македонскиот јазик, како насушна потреба по која тагувале многу даровити автори и дејци како Прличев во средината на 18-от век, на преминот од Европскиот класицизам кон романтизмот и реализмот на современите нации, со што бранувањата биле собирани за личните и колективните претензии на Балканските држави.

Кога решивме во 1983 да се иницира драмски текст за Мисирков, беа одбиени неколку драфтови кои се понесоа од тажната приказна за крајот и смртта на Мисирков, кој без средства за живот, лежел во софиска болница, додека синот користел државна стипендија, а неговата земја од Македонцките работи ја делеле блиските соседи. Во контекст на биографската драма одеше и стручната проценка дека ни треба ликот на авторот во сета сила и храброст од пред илинденскиот и Илинденскиот период. Секако, прославувачкиот пригоден занес имаше и свој маркантен бисер од луцидниот Петре М. Андреевски, кој како советодавен авторитет на чиновнички заложник му објасни по буквално: за мене Мисирков е поголем и од Гоце кој не успеа со Востанието ама на Мисирков трудот и заложбата останаа  и по 45 години криење, па можеме да си речеме, успеавме.

Зошто е „предадена“, забранета и уништена книгата на Мисирков, а соодветно и борбата и ликот на Гоце Делчев, мислев дека е завршена тема, но за жал плиткоста си шета како незнаење, непродлабоченост неодговорно и лигаво меѓу „модернисти“ и врховистички отпад, како меланхолија на малограѓанската невоздигнатост од провинцијализам и алчност, на метрополата Скопје, од кај што тргаа сите возови , но не било доволно само територијално туку и духовното, за жал.

Таква „стиснатост“ не манифестирал младиот Блаже Конески, кој кон крајот на 1946 та, длабоко навлезен во науката, творештвото и педагогијата, ја прифатил поканата на Митко Зафировски, прв секретар на Југословенската амбасада задолжен и за Воената мисија, да појдат заедно во Софија. Темата што ги води е книгата на Мисирков, за која Митко како предвоен новинар и основач на Кружокот, МЛК, (Акад. Б. Ристовски „Македонската борба за слобода“), а добар познавач на бугарското милје и поранешен член на Централниот комитет на БРП, и проследувач за дописот од Коминтерната до Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија за враќање во редовите каде што е јасно зацртано националното прашање, имал сознанија дека постојат примероци а за содржината информирал пред војната. Во Белградските кругови на Македонци и други со позиции во КПЈ, се знаело а партиска врска за Митко биле Кузман, Чаловска и Ѓилас (на оваа тема беше добро информиран актерот Илија Милчин, а покасно ја апсолвира и Акад. Александар Спасов).

Деталите усно ми ги пренесе проф. Трајко Стаматоски, студент и соработник на проф. Конески, кој живописно и со дух раскажувал како сегде им биле отворени вратите а бил изненаден дека влегуваат во Кабинетот на првиот човек на Отечественофронтовска Бугарија, Георги Димитров. Токму тој и таму, издал наредба и пишана пропусница за посета на Народната Библиотека, каде што неколку денови одел Конески и ги запишувал сите важни детали.

Ова се поклопува со цитираната изјава кај В. Костовска. Знаеме, потоа книгата е снимана и печатена.

Создавањето на „За Македонцките работи“ е природен дел од оштопознатите заложби и нивното паралелно спречување и ништење низ последните два века.

Знаеме: во националните библиотеки се носат задолжителни примероци за да се одобри печатење. Книгата била уредно заведена а тек при дистрибуцијата се свестил “заедничкиот” бугарски дух и ја уништил.

Фала му на тој француски крал од 11 век што наложил закон за задолжителен примерок во централните библиотеки (претежно) заради цензорски увид во творештвото.

Извор: ЦивилМедиа

 

Latest Posts

Не пропуштај