More

    Анкета на Преспа Институт: Над 70 отсто од граѓаните сметаат дека членството во ЕУ нема алтернатива

    Последната анкета на Преспа Институтот покажува дека над 70 отсто од граѓаните сметаат дека членството во Европската Унија е најдобрата опција за државата и дека не треба да се бара друга алтернатива. Тоа значи пораст од девет процентни поени во споредба со истата анкета од мај оваа година, кога 61,2 отсто од граѓаните го одговориле истото.

    Најголемото мнозинство од граѓаните сметаат дека членството во ЕУ е најдобра опција за државата поради економскиот развој и новите работни места, а исто така високо котираат и почитувањето и заштитата на човековите права, владеењето на правото и намалувањето на корупцијата.

    На прашањето дали како би гласале доколку во недела се одржи референдум за членство во ЕУ, 67,3 отсто од граѓаните изјавиле дека би излегле и би гласале за членство во ЕУ, што е исто така подобрување од мај оваа година, кога тој процент изнесуваше 61.

    Граѓаните ги препознаваат Германија и ЕУ како најголем инвеститор во земјава

    Граѓаните ги препознаваат Германија и Европската Унија како најголеми инвеститори во земјава, покажа последната анкета на Преспа Институтот. Дури 26,1 отсто од граѓаните сметаат дека Германија е државата со најмногу директни странски инвестиции во Северна Македонија, пред ЕУ за која сметаат 18,4 отсто од граѓаните. Потоа следува Србија со 10,1 отсто, САД со 8,9 и Турција со 7,8 отсто. На истата анкета во 2022 година, дури 44,8 отсто од испитаниците одговориле дека Германија е
    најголемиот инвеститор, пред САД и Турција.

    Последната анкета исто така покажува покажува дека граѓаните сметаат дека Европската Унија, Соединетите Американски Држави, Србија и Германија се партнерите кои најмногу придонеле за развојот на Северна Македонија. Над 20 отсто до граѓаните сметаат дека ЕУ е сојузот кој најмногу придонел, по што следува Србија
    со 18,1 отсто, САД со 12,7 отсто и Германија 6,8 отсто. Резултатите по ова прашање драстично се менуваат изминатите неколку години. За споредба, минатата 2022 година, дури 28 отсто од граѓаните одговориле дека најмногу придонеле САД, а 22,1 отсто сметале дека тоа е ЕУ. Во пандемиската 2020 година, пак, процентот за САД бил 12 отсто, додека за ЕУ 31,9 отсто. 17,4 отсто од граѓаните сметале дека Германија најмногу придонесува за демократскиот развој на земјава, 11,3 отсто во 2022 и 6,8 отсто денес.

    Во секој случај, граѓаните се на став дека нашите западни партнери се тие што најмногу придонесуваат за демократскиот развој на земјава, во споредба со Русија, за која во 2020 одговориле само 3,5 отсто до граѓаните, додека оваа година тој процент е околу 1,4.

    Интересна е структурата на населението кое се одлучува за Србија и ЕУ. Имено, според анкетата на Преспа Институт, постарата генерација, над 55 години, 52,7 отсто ја сметаат Србија за најдобар пријател, но само 26,8 отсто од лицата помеѓу 18 и 34 години. Кај оваа група на граѓани поддршката за ЕУ е 21,8 отсто, речиси двојно повеќе од националниот просек.

    Тоа е показател дека младите во земјава својата иднина ја гледаат во Европската Унија и дека политичарите и пратениците треба да ги направат потребните чекори за да може тие својата иднина да ја градат дома, во земја членка на ЕУ.

     

    Exit mobile version