Последни написи

(ВИДЕО) Тахири за „Полиграф“: Граѓаните да се потрудат да ги одвојат професионалните од непрофесионалните медиуми

Во интервју со Сефер Тахири, универзитетски професор по новинарство и јавни комуникации и експерт за медиумска писменост, разговараме за дезинформациите што кружат во медиумите во последно време и за начинот на кој публиката може да ги препознае.

Полиграф: Кои се најновите дезинформации, да речеме најактуелни, кои кружеа низ медиумите?

Тахири: Меѓуетничките односи и стабилноста на државата, потоа политичките односи, мислам на односите власт-опозиција, како и медиумскиот сензационализам, кој ги вклучува трагедиите, бројните несреќи, војните – овие што ги спомнав итн., се еден вид мозаик на големото дезинформирање што се случува во Република Северна Македонија.

Полиграф: Велиме дека имаме голема доза на дезинформации, но кој би бил вистинскиот начин граѓаните да ги детектираат овие дезинформации?

Тахири: Сметам дека граѓаните, пред сè треба да се потрудат да ги одвојат професионалните од непрофесионалните медиуми. Не секогаш треба да им веруваат на медиумите, бидејќи и пред периодот или ерата на дезинформации, имавме бројни манипулации, пропаганда во медиумите и слично, но не во оваа мера и не во овие формати во кои тие се појавуваат, и во онлајн медиумите, но и во традиционалните медиуми.

Мислам дека граѓаните, пред сè, не треба да им веруваат на медиумите кои немаат адреса. Самиот факт што некој медиум не го декларира својот идентитет и новинарите, кои и да се – било да се тие професионални, но, во повеќето случаи се луѓе кои немаат врска со новинарството и не го објавуваат, односно не го откриваат својот идентитет – име, презиме, кои се. На овие медиуми не треба да им се верува. Односно, не треба да им се верува на медиумите кои немаат импресум, односно не ја декларираат сопственоста, не ги објавуваат фактите за тоа кои се основачите на овие медиуми, не ја објавуваат адресата, не го објавуваат раководството или менаџментот на овие медиуми. Зборувам уреднички, односно, кои се – главниот уредник, уредниците и новинарите. На овие медиуми не треба да им се верува.

И, она што е важно и што го забележуваме и на социјалните мрежи: не треба да споделуваме сè што гледаме и може да изгледа сензационално, зборувам за насловите „неверојатно“, „изненадувачки“, „скандалозно“, „се случува и ова“ , „се случи за прв пат“, „бомбастична вест“, „нуклеарна вест“ и така натаму.

Интервјуираше: Ера Ѓакова

 

Latest Posts

Не пропуштај