Последни написи

Маричиќ: Патоказите за јавна администрација и владеење на право денес ќе бидат доставени до ЕК, институциите посветено ја завршија работата

„Секретаријатот за европски прашања уште во јуни оваа година започна со
активности за подготовка на Патоказот за реформи во јавната администрација и
Патоказот за поглавјата за владеење на правото со придружен Акциски план, преку
континуирани средби и консултации со сите надлежни институции. Патоказите се
веќе подготвени, беа консултирани со Европската Комисија понатаму беа
консултирани во Собранието, со граѓанските организации, академската заедница и
денес ќе бидат доставени до Европската Комисија“ кажа вицепремиерот за
европски прашања Бојан Маричиќ на прес-конференција.

Тој додаде дека при на сите документи, администрацијата ги имаше предвид
Скрининг извештајот за Кластер 1 и Извештајот за напредокот на државата, при
што беа адресирани најголeмите недостатоци во клучните области.
„Предвидените мерки во Патоказите имаат цел деполитизирана, ефикасна,
ефективна и одговорна јавна администрација, која обезбедува висококвалитетни
политики и лесно достапни услуги за граѓаните и деловните субјекти кои се
засноваат на европските принципи и вреднува и придонесува за одржлив
економски раст, владеење на правото, социјална кохезија и благосостојба“ рече
Маричиќ.

Вицепремиерот кажа дека новата законска рамка треба да го подобри управувањето
со човечките ресурси низ администрацијата и да помогне да се обезбедат
вработувања, унапредувања и отпуштања врз основа на заслуги на сите нивоа,
вклучително и високото раководство.

„Нашата обврска е завршена, институциите ја одработеа домашната задача со
посветена и сериозна работа. Ова е историски момент за Северна Македонија, за
Западен Балкан и за Европската Унија. Она што недостасува, е последната обврска
за да одиме напред, а тоа се уставните измени“ заклучи Маричиќ.

Latest Posts

Не пропуштај