More

    Богоев: Грѓаните се крајно незадоволни од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа ќе се рефлектира и на изборните резултати

    „Јас го водам и аналитичкиот центар на СДСМ и многу добро ги знам анкетите и фокус групите. ВМРО-ДПМНЕ се фали со анкети јас еве ќе им препорачам да си ги видат анкетите за задоволството од нивната Градоначалничка на Скопје, од нивниот Градоначалник во Битола, од нивниот Градоначалник во Велес, Штип, Аеродром. Не мора да одам подалеку, нека си ги видат рејтинзите и мислењето во овие 5 општини предводени од ВМРО-ДПМНЕ или станале Градоначалник со нивна поддршка како Данела Арсовска. Штом толку сакаат анкети, еве им ги ове 5 општини, да си ги видат рејтинзите. Граѓаните по анкетите и анализите кои ние ги правиме се крајно незадоволни од Градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и разочарани и тоа ќе се рефлектира на изборите. Јас ви гарантирам и ве убедувам онаму каде ВМРО-ДПМНЕ е најслаб со градоначалници и со нивно делување а тоа се мнозинството на општини тоа ќе се рефлекира и во изборните резултати“, смета потпретседателот на СДСМ Стефан Богоев во утринското гостување на „Слободен печат“.
    Вели дека со незадоволството на граѓаните треба да се соочи ВМРО-ДПМНЕ и треба да видат како се работи од градоналаниците на СДСМ.
    „Јас го гледам Градоначалникот на Крива Паланка, човекот направи прекрасна новогодишна приказна од градот, направи два нови мостови, го гледам Центар, Горан како функционира и сум среќен што сум влијаел кај мои пријатели да го гласаат, го гледам Перо во Валандово, Коста во Струмица како ги развиваат своите градови и своите општини и можат да им служат како пример“, рече Богоев.

    Извор: СлободенПечат

    Exit mobile version