More

    Ковачевски: На изборите ќе се судрат два концепта – едниот со решенија и план до 2030 година да сме членка на ЕУ, другиот без план, концепт и алтернатива

    „Јас сум оптимист за изборите, бидејќи на крај на изборите се судруваат концепти. Ние ќе имаме два јасно диференцирани концепта. Едниот е за европска интеграција, другиот е за изолација“ рече премиерот Димитар Ковачевски во утринската програма на Слободен печат.

    Тој додаде дека владејчаката коалиција нуди решенија и план за државата како до 2030 година да стане членка на ЕУ, додека од друга страна нема ни план, ни концепт, ни алтернатива.

    „Интеграцијата во ЕУ е процес без алтернатива, се друго е политички авантуризам политичко коцкање кое го гледавме 11 години и од кое никој не виде бенефит“ рече Ковачевски.

    Извор: СлободенПечат

    Exit mobile version