More

    Со новите мерки до 10.800 денари поддршка за учениците

    Со последниот деветти пакет антикризни мерки, за унапредување на ученичкиот стандард за младите од семејства со месечни примања до 50.000 денари е обезбедена финансиска поддршка.

    Конкретно, над 105 илјади ученици во основното образование и средношколците во наредните 6 месеци ќе добиваат по 1.200 денари, односно 1.800 денари месечно, за што од буџетот за оваа финансиска поддршка ќе се издвојат вкупно 14,3 милиони евра.

    Тоа се вкупно 10.800 денари до завршување на училишната година, по ученик.

    Дополнително, во наредните 7 месеци, 15.000 студенти кои живеат надвор од местото на студирање, ќе добијат ваучер за превоз во износ од 600 до 1.200 денари, за што се предвидени 2 милиони евра.

    Новиот деветти пакет антикризни мерки во вредност од 662 милиони евра содржи 26 мерки со кои се таргетирани поддршка за ранливите категории на граѓани и компании како и поддршка во услови на зголемени трошоци на живот и продолжени ефекти од енергетската криза.

    Со овие мерки се опфатени 120.000 млади лица, над 74.000 социјално ранливи категории на граѓани, над 187.000 пензионери, 40.000 земјоделци, речиси 540.000 корисници на апликацијата мој ДДВ, 600.000 домаќинства и над 70.000 компании. Пакетот содржи и системски мерки со кои за 2023 и 2024 година се опфатени над 338.000 пензионери и 106.000 вработени во јавен сектор.

    Извор: Центар

    Exit mobile version