Последни написи

Ковачевски: Проблемите на неевидентираните лица се минато, тие како и останатите граѓани ќе ги уживаат придобивките согласно Уставот и законите

,,Овие проблеми се веќе минато! После три децении, им овозможивме на овие
граѓани да си го остварат правото на заштита на нивното здравје преку
здравствено осигурување, децата да посетуваат редовна настава и да добиваат
свидетелства за завршено образование. Со нивното евидентирање во матичните
книги им отворивме можност да ги користат сите бенефиции кој им ги нуди
Уставот и Законите на Република Северна Македонија. Тие сега можат легално да
стапат во брак, а нивните потомци без никаков проблем да бидат заведени во
матичната книга на родените”, рече Претседателот на Владата Димитар Ковачевски
на настанот на кој заедно со и министерот за правда Кренар Лога поделија изводи
на лица кои досега не се евидентирани во матичната книга на родени.
Со ова се решава деценискиот проблем којшто го имаа стотици граѓани кои се
родиле на територија на нашата држава, но не беа впишани во матичната
евиденција и немаа изводи на родени.

Министерот за правда Кренар Лога, осврнувајќи се на процесот на системско и
трајно решавање на проблемот, истакна дека Република Северна Македонија е на
прво место во Европа и второ во светот кои го решаваме проблемот со
неевидентираните лица.

„Дадовме поддршка на подготовката на Законот за неевидентирани лица во
матичната книга на родени кој беше донесен во 2020 година. Предлог на Законот за
матична евиденција беше донесен на 14 Јуни 2023 година,“ посочи Лога.
Согласно Конвенцијата за правата на детето ,со овој закон се гарантира правото на
упис во матична книга на родени на секое дете родено на територијата на
Република Северна Македонија веднаш, а најдоцна 45 дена од денот на раѓањето
на детето, независно од државјанството и личниот статус на неговите родители.

Latest Posts

Не пропуштај