Последни написи

Божик во Берлин низ волшебните илуминации во Тиерпарк

Се разбира дека Скопје не е Берлин и секоја споредба е проблематична во однос на големината на градот и неговата интернационална и космополитска димензија, но она што секако може да се споредува со Скопје е колку надлежните градски институции се грижат за градот, за неговите жители и за милионските гости кои во текот на целата година го посетуваат овоj град. Tierpark Berlin организира неколку тематски содржини во текот на годината, но онаа која претставува најголема атракција е „Weihnachten im Tierpark“, односно Божик во Тиерпарк.

Пишува: Зоран БОЈАРОВСКИ

Се разбира дека Скопје не е Берлин и секоја споредба е проблематична во однос на големината на градот и неговата интернационална и космополитска димензија, но она што секако може да се споредува со Скопје е колку надлежните градски институции се грижат за градот, за неговите жители и за милионските гости кои во текот на целата година го посетуваат ово град.

Кога падна ѕидот што неприродно го делеше овој град, обединетиот Берлин ја доби најголемата зоолошка градина во Европа – Tierpark Berlin. На прославениот Зоо Гартен (Berlin Zoological Garden – Zoologischer Garten Berlin) му се придружи најголемиот животински парк во Европа, сместен на 160 хектари во историскиот дел на некогашниот источен Берлин – Фридрихсфелде.

Посетата на Tierpark Berlin претпоставува дека тука ќе поминете цел ден, бидејќи толку ви треба за да видите сѐ што ви нуди паркот. Но тоа воопшто не треба да ве загрижува. Тука има ресторани за да се окрепните и одморите. Има неколку игротеки за деца доколку тие ви ја определуваат содржината на паркот и огромни зелени оази за да се релаксирате.

Tierpark Berlin организира неколку тематски содржини во текот на годината, но онаа која претставува најголема атракција е „Weihnachten im Tierpark“, односно Божик во Тиерпарк.

Уште од 15 ноември, посетителите се поканети да прошетаат во зимската земја на чудата со блескави и шарени илуминации. Два километари е долга турнејата низ Тирпарк Берлин со гаранција за волшебно искуство на отворено за сите возрасти.

Божик во Тиерпарк е искуство за сите сетила, далеку од вообичаената предбожикна гужва и врева којашто ја има на повеќе локации во Берлин и која можете да го доживеете, ако сакате таков вид забава.

Оваа година „Weihnachten im Tierpark“ (Божик во Тиерпарк), во соработка со прочуената Ботаничка градина во Берлин, е претворена во уникатната Божикна градина, која што посетителите ги воодушевува со неверојатни најсовремени аудиовизуелни прикази и светлосни инсталации, сето тоа придружено со атмосферски звучни композиции создадени исклучиво за настанот.

Поставувањето го вклучува уникатниот шарм на оваа извонредна локација, обезбедувајќи многу простор за спокојна прошетка во овој период од годината.

Weihnachten im Tierpark располага со околу 30 инсталации и мноштво носталгични атракции – вклучително и традиционалните места за греено вино и слатки закуски кои гарантирано ќе обезбедат незаборавна зимска вечер.

„Со радост ги гледам нашите посетители додека ги гледаат уметничките илуминации во Tierpark оваа зима – четврти пат кога настанот се одржува“, напиша на вебстраницата на Tierpark Berlin директорот на Зоолошката градина д-р Андреас Книерием.

„Откако ќе падне темнината, море од светла ќе го трансформираат нашиот прекрасен Tierpark во магично место, далеку од божикниот „калабалак“ на другите места во градот, и ќе ги одведе посетителите на патување кое сигурно ќе ги разбуди нивните емоции и ќе ја инспирира нивната имагинација“.

Уметничките илуминации и видео инсталациите „Авантура во џунглата“, „Мајката природа“ и „Лебедово езеро“, се само дел од овие сетилни атракции.

Видео проекцијата „Мајката природа“, гласот на славната германската уметница Луис Луноу им се обраќа на посетителите кои поминуваат да застанат за момент и да размислат за скапоценоста на природата и потребата да се заштити.

Лавиринт од ѕвончиња, со светла кои висат во цик-цак аранжман, создава индивидуални фото-ниши каде посетителите можат да доловат посебни празнични моменти.

Сензационалната видео проекција „Into the Undergrowth“ прикажува домородни диви животни кои се движат наоколу во грмушките како мистериозни суштества направени од светлина.

Мирната инсталација „Лебедово езеро“ прикажува два лебеда кои величествено се лизгаат по „водата“ со синхронизирана музика.

Куќата во Фридрихсфелде е илуминирана со џиновска проекција што ја трансформира фасадата на зградата во прекрасна цветна низа. Оваа илузија е придружена со осветлените цветни леи се на крајот од оваа зимска прошетка.

Но, не се само прекрасните илуминации и уметнички инсталации кои ја прават возбудлива и посакувана посетата на Weihnachten im Tierpark – има уште повеќе да се открие!

„Многу сме задоволни што повторно претставуваме две магични зимски чуда во главниот град на Германија“, вели Себастијан Штајн, директор на Божикна градина Deutschland GmbH.

„Божикната градина во Ботаничките градини во Берлин ги маѓепсува посетителите од 2016 година и стана воспоставена традиција во пресрет на Божик. И сега Weihnachten im Tierpark е веќе во својата четврта сезона, уште еднаш воодушевувајќи ги посетителите со некоја спектакуларна божикна магија. Детално дизајнираните аудиовизуелни прошетки со инсталации на атмосферска светлина во Tierpark и Ботаничката градина ветуваат повеќе незаборавни моменти оваа година на две многу посебни берлински локации“.

Илуминациите на отворено во Tierpark Berlin ќе се одржуваат до 14 јануари 2024 година.

Извор: Рацин.мк

Latest Posts

Не пропуштај