Последни написи

Мицкоски јавно потврди дека имал средба со Палевски, но одби да одговори какви информации имал за двојното убиство

На новинарското прашање „дали имал средба со Палевски“ претседателот на
ВМРО – ДПМНЕ Мицкоски во емисијата 360 степени на МРТВ 1, прво одговори
дека се среќава со многу луѓе затоа што е политичар, за потоа да потврди дека имал
средба пред околу четири години, кога тој му барал поддршка за да регистрира
политичка партија и дека немале никаква друга соработка.

На прашањето на новинарот во врска со неговата изјава дека има информации за
случајот и тоа ќе го изнесе пред јавноста по месеци. Мицкоски ја смени насоката на
разговорот и се осврна на одговорноста на институциите.

Остануваат неодговорени прашањата, какви информации знае Мицкоски и зошто
јавно не ги кажува или пак тоа не го направи пред обвинителството или пак
станува збор за собирање на ситни политички поени. Во време кога целата јавност
беше потресена од случајот со двојното убиство, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ
дополнително ја потресуваа јавноста со нивното неодговорно однесување.
„Некој се обидува да направи дефокус од суштинската тема и да се занимава со
некое периферно прашање кое нема никаква врска со ова коешто беше тема тој ден,
но и деновите претходно и потоа,“ рече Мицкоски.

Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ во неколку наврати излегуваше со нивни проекции за
случајот со двојното убиство на 14 годишната Вања и 74 годишниот Панче, а
Мицкоски во 360 степени вели дека ВМРО-ДПМНЕ сеуште чека одговори на
дилемите околу убиствата и нема информации за случајот иако претходно најави
дека има информации.

На прашањето дали ставовите на Палевски за Преспанскиот договор, критиките за
францускиот предлог и манифестацијата на „патриотизам“ под превезот на знамето
од Вергина, го прават поблизок до ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски се оградува и вели
дека токму тие ставови покажувале оти тој е партиско-полициска инсталација.

Latest Posts

Не пропуштај