Последни написи

Маричиќ: Со ЕУ добиваме повеќе реформи и повеќе европски пари, мораме брзо да ги отвориме поглавјата од преговорите

„Со Планот за раст на ЕУ ќе испорачаме повеќе реформи и за сметка на тоа ќе добиеме повеќе европски пари. Но, за тоа да биде успешно и брзо, нѝ требаат преговорите со отворени поглавја во полн погон. Тоа го можеме, тоа го сакаме“ рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервју за „Рацин.мк“

Тој додаде дека со планот за раст за првпат се обезбедуваат средства за реформите, кои беа потребни.

„Нашите реформи во голема мера се поврзани со отворањето на поглавјата. За нашите реформи да се сеопфатни и успешни ни треба европскиот процес, а дел од тоа е секако Планот за раст“ рече Маричиќ.

Вицепремиерот додаде дека овој процес вклучува преземање на сеопфатни реформи и усогласување на економските системи, како и на законодавството на овие земји со законодавството на ЕУ.

„Една од обврските кои произлегуваат од овој План за раст е секоја од земјите да подготви и Реформска агенда, која ќе претставува сеопфатен и кохерентен пакет на мерки за постигнување на предвидените цели, за реформите планирани за следните четири години (2024-2027), чија реализација ќе биде основа за добивање на најавените финансиски средства“ вели Маричиќ.

Извор: Рацин

Latest Posts

Не пропуштај