Последни написи

Костадиновска Стојчевска: Дваесет украдени икони од струшкиот, дебарскиот и реканскиот крај се вратија од Албанија во Северна Македонија

„Навистина ми е големо задоволство што можам да кажам дека 10 годишниот процес на реституција која што е прва од тие размери во регионот заврши со враќање на 20 икони од Република Албанија во Република Северна Македонија. Тоа се икони кои во период од 2013 година беа украдени од црквите од охридскиот, струшкиот, дебарскиот и реканскиот крај. Меѓу тие икони кои датираат од 18 веки првата половина од 19 век, се дел од иконите на познатиот зограф – Дичо Зограф кој што знаеме дека е навистина познат особено за неговото делување во реканскиот крај,“ рече Бисера Костадиновска Стојчевска, министерка за култура во вечерните вести на Канал 5.

Таа посочи дека тие  се во Музеј на Северна Македонија и ќе останат таму за да го поминат процесот на конзервација и после тоа ќе бидат изложени за пошироката јавност.

„Тие претставуваат заштитено културно добро и ќе се погрижиме да го вратиме сјајот кој што го имаа, за цела јавност да ги види,“ рече Костадиновска Стојчевска.

Министерката информираше дека има уште 37 икони кои се препознаени дека се од црквите во нашата држава. За 33 од нив веќе е доставена документација, а веќе наредна недела ќе биде доставена и останатата документација за да може да се заврши целиот процес.

„Сега веќе го знаеме и процесот кој е и тоа ќе биде пократок период, не како овој сега кој што траеше интезивно 2 години. Се надевам дека вториот процес од иконите ќе оди навистина многу побрзо и тие повторно ќе го имаат истиот процес. Ќе се вратат тука во Музеј на Северна Македонија каде што повторно ќе го поминат процесот на конзервација и реставрација и повторно исто така ќе бидат изложени пред да и бидат вратени на црквата бидејќи тие се нивно сопствеништво,“посочи Костадиновска Стојчевска.

Latest Posts

Не пропуштај