Последни написи

Костадиновска-Стојчевска: Пешачката тура „Кокино – поглед кон бесконечноста“ е со цел афирмација и подигнување на свеста за културното наследство

„Кокино, како културно добро со висок степен на заштита од државата, секогаш ја
имало поддршката од Министерството за култура и од експертската јавност, како и
од меѓународните фондови,“ изјави министерката за култура Бисера
Костадиновска-Стојчевска при посетата на древниот локалитет Кокино.
Таа се заблагодари за поддршката што нашата култура ја добива и преку
Амбасадорскиот фонд на САД. Од 2001 г. до денес се поддржани 15 проекти.
Преку овој фонд, во 2006-та се изврши заштита на мегалитската опсерваторија
Кокино.

Жените носителки на јавни функции и дипломатки во земјава кои беа дел од
пешачката тура „Кокино – поглед кон бесконечноста“ изразија воодушевување и
задоволство од можноста да го посетат Кокино и изразија надеж дека ова значајно
културно и природно наследство ќе се најде на листата на заштитени добра од
страна на УНЕСКО.

Пешачката тура, со цел афирмација и подигнување на свеста за културното
наследство на овој дел од државата, е наречена „Кокино – поглед кон
бесконечноста“.

На пешачката тура ѝ претходеше и посета на црквата „Св. Ѓорѓија“ во Старо
Нагоричане каде што присутните се запознаа со богатата историја и културното
наследство на овој крај.

Latest Posts

Не пропуштај