Последни написи

(ОСЛОБОДИ ГО УМОТ) Политички злоупотреби и пропаганда по убиството на Вања

„Политиката не бира средства, дури и за вакви сензитивни теми како што е убиството на Вања“, констатира Муратов.

Во серијалот на ЦИВИЛ насловен „Ослободи го умот“ се зборуваше за – дезинформациите и политичката злоупотреба на убиството на малата Вања и пензионерот Жежовски, за руските пропагандни наративи, како и за говорот на омразата кои ги идентификува Мониторинг тимот на ЦИВИЛ.

Во програмата учествуваа Дехран Муратов и Драган Мишев, а дискусијата ја води Биљана Јордановска.

Во првиот дел, во кој презентација на наодите на ЦИВИЛ направи Муратов, беше истакнато дека убиството на малата Вања беше употребено во политички цели, преку ширење на дезинформации и манипулативни наративи со кои се направи обид да се дискредитираат институциите, во прв ред полицијата и обвинителството, а воедно и да се внесат меѓуетнички тензии.

YouTube player

Меѓу другото, се прошири и наративот дека убиството не било откриено за да не му попречи на имиџот на самитот на ОБСЕ кој се одржа во Скопје, што е целосна бесмислица.

„Политиката не бира средства, па дури и за вакви сензитивни теми“, констатира Муратов.

На панелот беа презентирани и лажни и потпалувачки наративи со кои се влегува во одбрана на осомничениот за убиство. Наводно, тој бил македонски патриот и не е виновен за делото за кое се товари.

„Не се апси затоа што е убиец, туку затоа што е голем македонски патриот – е еден од наративите што го шират ултрадесничарските групи и партии“, го посочи Муратов овој лажен наратив.

Тој додаде и дека од српски профили и медиумио се дефокусира јавноста со тоа што се објавуваат шпекулации за наводна лубовна врска меѓу мајката на убиеното девојче и првоосомничениот Палевски.

Муратов откри и еден лажен, пропаганден наратив, според кој „Бехтел и Енка“ ја уништуваат македонската природа и минералот „македонит“.

„Не сме ја прежалиле малата Вања, а Бехтел и Енка веќе почнаа да ја уништуваат македонската природа“, го парафразира Муратов овој наратив со кој се прави обид да се внесат меѓуетнички тензии.

Тој нагласи дека монструмите и убијците не треба да се поврзуваат со етничка, верска или политичка припадност!

Извор: ЦивилМедиа

Latest Posts

Не пропуштај