Последни написи

Дезинформација е дека Скопје нема да биде европска престолнина на културата во 2028 година

Дезинформација е дека „Скопје нема да биде европска престолнина на културата во 2028 година, туку францускиот град Бурж.

Скопје ја доби титулата „Европска престолнина на културата за 2028 година“, на 20 септември, а  одлуката ја соопшти Европската комисија во Брисел.

Дезинформацијата дека Скопје нама да биде европска престолнина на културата ја објавија интернет порталите „Фактор“ и „Република“.

Фактор објави текст со наслов: „Скопје нема да биде европска престолнина на културата: Еве кој град победи“, со потпис дека е преземено од МИА.

Порталот „Република“ објави текст со наслов „Скопје нема да биде европска престолнина на културата во 2028 година“, меѓутоа кога ќе се отвори линкот на објавената вест има друг наслов: „Бурж ќе биде европска престолнина на културата во 2028 година“

Овие тврдења се лага со која се манипулира јавноста и се шират невистини. Според правилата на Европската комисија, во 2028 година три града ќе ја носат титулата европски престолнини на културата, односно два од ЕУ (еден град во Чешка, еден во Франција) и еден град од земја надвор од Европската Унија, од земја членка на ЕФТА/ЕЕА, земја кандидат или потенцијален кандидат за членство во ЕУ. На Скопје во финалниот избор за титулата Европска престолнина на културата 2028 од земја надвор од ЕУ конкуренција му беше Будва.

Град Скопје беше официјално избран на 20 септември (самиот настан и прогласувањето беа пренесени во живо на повеќе медиуми во Македонија), претходно беше избран градот Ческе Будјејовице од Чешката Република, а вчера (13 декември, како што беше најавено) беше избран и последниот град – претставник од Франција, Бурж.

По презентација на апликациите на земјите кои беа во потесен избор за оваа престижна титула, каде што свое обраќање имаше и министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска.

„Изборот на Скопје за престолнина на културата во Европа за 2028 година е голем успех за македонската култура. Скопје е подготвено да одговори на предизвикот. Всушност, Скопје како да се создавало низ вековите и за овој предизвик. Под европското и македонското знаме ќе ја подигнеме креативната енергија за таа да да се рашири и низ целиот континент. Има ли подобро место за тоа од Скопје?“

Сите скопјани и сите македонски граѓани, без разлика на нивната етничка, верска, родова, социјална, културолошка и каква било друга определба, се обединети во задоволството нивниот град, нашето Скопје, да ги отвори ширум портите и со својата култура да ја прегрне културата на Европа. Од центарот на Европа, директно во срцето на Балканот“, рече министерката Костадиновска-Стојчевска по соопштувањето на одлуката.

За Европски престолнини на културата за 2028 година се избрани: Скопје, Ческе Будјејовице од Чешката Република и Бурж од Франција.

Градот Скопје ги демантира наводите и дезинформациите објавени на интернет порталот „Фактор“.

Извор: ЦивилМедиа

Latest Posts

Не пропуштај