Ова е случај кој ја засега целата македонска јавност. Тоа беше една трагедија којашто во ниту еден момент не треба да се наоѓа како злоупотреба во политички или било какви други цели, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски за Слободен печат и Цивилмедиа, одговарајќи на прашање за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски кои ја потресоа земјата.
„Во овој период кружеа и дезинформациите и лажните вести кои дополнително предизвикуваа паника и страв кај граѓаните. Она што е јасно е дека според сите спроведени истраги – полицијата брзо и ефикасно работеше на случајот со двете убиства. Полицијата работеше многу посветено без ниту еден момент на штедење за да се открие случајот до крај“, истакна Спасовски во интервјуто.
Спасовски укажа дека постојат стандардни оперативни процедури по кои се водат сите предмети и истраги, и пoсочи дека МВР реагира на секоја објава што поттикнува шпекулации во јавноста.
Р.С