More

    Агелер за ставањето на Анѓушев на „црната листа“ на САД: Не се работи за сомнеж, туку за цврсти докази

    Амбасадорката на САД во Северна Македонија, Анџела Агелер, денеска на брифинг со новинарите, за ставањето на поранешниот вицепремиер Кочо Анѓушев на црната листа на САД поради корупција посочила дека не се работи за сомнеж, туку за цврсти докази дека Анѓушев бил вмешан во повеќе случаи во коруптивни активности.

    „Ова не се сомнежи. Ние точно знаеме што направил Анѓушев“, истакнала Агелер на брифингот со новинарите.

    Според информациите на американската амбасадорка, Анѓушев може и формално се жали на оваа одлука на американските власти преку свој адвокат во САД, но тоа, според Агелер, нема да смени ништо.

    „Анѓушев може да се жали и може да ангажира адвокат во САД. Знам за други санкционирани што имаа тимови на адвокати и се обидуваа да ги спорат одликите. Но, одлуката е донесена врз основа на значајна евиденција. Имаме многу докази и бројни случаи за него. Овде станува збор за прашање за отчетност, за одговорност за неговите дејствија“, кажала Агелер на брифингот.

    Р.С

    Exit mobile version