Последни написи

За што се залага Европскиот фронт?

Деновиве, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија започна иницијатива за формирање на широк Европски фронт на сите политички и општествени чинители, коишто го поддржуваат членството во ЕУ.

Заеднички, врз основа на европски принципи и демократски вредности да го создадеме Европскиот фронт и да ја оствариме стратешката цел: членство во ЕУ до 2030 година, соопштија од партијата.

За што се залага Европскиот фронт?

Главната цел на Европскиот фронт е што е можно побрзо членство на Македонија во Европска унија, односно до 2030 година.

Покрај тоа, се залага и за подобар живот во земјата, со повисоки плати, повисоки пензии, повеќе пари кај граѓаните, односно повисок животен стандард.

Европскиот фронт се залага и за подобро образование, подобро здравство, социјална сигурност, владеење на правото и унапредена демократија.

Дали е остварлива стратешката цел членство во ЕУ до 2030 година, ќе покаже времето, но од СДСМ уверуваат дека после победата на Европскиот фронт на претстојните избори, тоа ќе биде приоритет.

Според премиерот Димитар Ковачевски, СДСМ е партија со најголем демократски и коалициски капацитет.

„СДСМ веќе повика на формирање на европски фронт со сите политички партии, невладини организации, активисти, организации, поединци кои делат исти вредности со нас без разлика на етничката или идеолошката припадност“, рече Ковачевски во интервју за „360 степени“.

СДСМ во партиско соопштение објави дека е подготвена и во името на врвните државни и национални интереси да оди на двојна победа на претседателските и на парламентарните избори наредната 2024 година.

Извор: Центар.мк

Latest Posts

Не пропуштај