More

    Мишко Иванов: Во предизборниот тек се очекуваат лажни вести и афери

    Во предизборниот тек, секако, како и по навика, се очекуваат лажни вести и афери и повторно повторување на истата предизборна кампања, рече новинарот Мишко Иванов во утринската програма на Слободен Печат.„Она што е карактеристично е тоа што ќе се случува со изборите е дека од страна на СДСМ Пендаровски не ја исклучи можноста за кандидатура, а се уште се чека ВМРО дали ќе учестува во Прижинската Влада’’, вели Иванов.

    Според него, не се проблем националистичките моменти – туку наративот кој циркулира низ државата. „Не е битно кој ќе биде премиер туку дали си човек или не си. Никој не ги ни споменува уставните измени, а секако кој и да дојде на власт тоа е тема којашто не може да се избегне. Мора некогаш да постои сложување помеѓу партиите не може да одиме во недоглед – мора да се сложат и да постои некоја точка кадешто ќе се помират“, вели Иванов.

    „Никогаш не дозолувајте да ве понесе атмосферата од било која ситуација. Секоја приказна има две страни. Во денешно време е многу тешко да укажеш на некого за текст или објава, младите колеги се повеќе се понесени од социјалните медиуми и тешко се води полемизација за да се види дали еден текст е добар или не’’, рече Иванов во емисијата.

    Тој додаде дека проблемот во денешно време не се регулираните медиуми туку интернет просторот кадешто кој може да објави и каже што сака без да има некоја законска одговорност или обврска кон тоа што го кажува или споделува со пошироката јавност.

    Извор: Слободен Печат

    Exit mobile version