Последни написи

Македонскиот јазик е во ЕУ – службите на Унијата бараат конференциски толкувачи на македонски јазик

„Преведувачките служби на ЕУ го отворија повикот и организираат тестирања за акредитација на конференциски толкувачи со македонски јазик (МК) како А-јазик“ напиша вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на социјалните мрежи.

Тој ги повика сите заинтересирани македонски толкувачи да се пријават и со тоа да придонесат кон професионално толкување и промоција на македонскиот јазик низ институциите на Европскта Унија.

Повикот објавен на веб страницата на ЕУ, е отворен до 19 јануари идната година и според истиот, ангажираните преведувачи ќе може да работат за Европскиот Парламент, Европската комисија или Европскиот суд на правдата.

Овој оглас само го потврдува меѓународното признавање на македонскиот јазик и е доказ дека македонскиот јазик ќе стане официјален јазик на Европската Унија со членството на Северна Македонија.

Latest Posts

Не пропуштај