Последни написи

Пенов: Техничката влада е процедура што мора да се спроведе

Во Студио 10 на ТВ 24 , министерот за локална самоуправа Ристо Пенов рече: „ Техничката влада е законска обврска, процедура што мора да се спроведе. И ние како ЛДП вечер ќе носиме одлуки. Сите работи кои досега се донесени треба да ги продискутираме. Не сме разговарале за коалицирање, но СДСМ отави отворен повик за проевропски партии, а ние сме за’’

Пенов рече дека како држава мораме да го исчекориме патот кон ЕУ. Тој напоменува дека скринингот заврши а останатото е на нас.

„Промените на Уставот се технички. Никој не може да не лаже дека преговарачката рамка може да се промени, а треба да бидеме свесни дека директно со Бугарија без посредство на ЕУ не можеме да ги решиме. Но, дефетистички нема да се предадеме. Секако дека Бугарија ќе биде една од темите во предизворната кампања, но нема да биде главната тема’’ – рече Пенов

Пенов додава дека изборите се неопходност. Точно дека во многу неповолен момент се случува овој почеток на кампања, но роковите мора да се запазат и да се спроведат сите формалности. Без оглед на тагата што се соочивме, животот мора да продолжи, ние како Влада мораме да ги водиме процесите. И во овој неповолен чин покажавме дека институциите функционираат, а оние кои го извршиле злоделото веќе се во рацете на правдата.

Пенов вели дека мораме да правиме исчекор кон европа а не да стоиме во место. Тој додава дека сега од ЕУ добиваме по 300 евра по глава на жител а доколку сме членка на ЕУ по 4.500 евра – таа разлика ќе ја искористиме за прогрес на земјата.

Извор: ТВ24

Latest Posts

Не пропуштај