Последни написи

Дракслер: Северна Македонија ќе успее како дел од енергетската заедница

На отворената трибина за граѓаните од кампањата „ Ние сме Европа’’ посветена на темата –енергетика во Куманово, Амбасадорката на Сојузна Република Германија, Петра Дракслер рече: „Борбата против климатските промени е приоритет на германската надворешна политика , за таа цел Сојузната Влада пред неколку дена донесе сопствена стратегија за клима за климатска надворешна политика за прв пат во историјата на Сојузната Република. Убедени сме дека светот на нафтата и јагленот е свет од вчера. Потребна ни е јасна корекција на курсот за да го запреме глобалното затоплување на 1,5 Степени а за да го направиме тоа мора да ја удвоиме енергетската ефикасност до 2030 година и тројно да го зголемиме производството на енергија од обновливи извори“

Драклсер додава дека во овој момент очите на Светот всушност не се вперени во Куманово туку во Дубаи. Таму шефовите на држави и влади, минситерките и министрите на светската климатска конференција се борат за иднината на нашата планета поточно за постепено откажување од фосилните горива.

Дракслер рече дека и енергијата од ветерот не е секогаш потребна кога надвор има бура или не секогаш сакате да се греете кога надвор има сонце – се разбира штедењето и балансирањето е многу полесно ако овој проблем го решавате заедно со партнерите во регионот. За таа цел во рамките на Берлинскиот процес започнавме регионално климатско партнерство што помага да се зближат сите актери : владите, унверзитетите граѓаните.

Петра Дракслер додадава дека една земја не може сама да се справи со енергетската транзиција Северна Македонија ќе успее како дел од енергетската заедница со регионална и европска перспектива со јасен фокус на проширување на мрежите и со добра соработка меѓу јавниот сектор и приватните инвестиции. Станува збор за иднината на идната на идните генерации

Latest Posts

Не пропуштај