Последни написи

Дејвид Гир: Пријатели, патот кон ЕУ е пат на реформите

Преку видео обраќање, на отворената трибина за граѓаните од кампањата „ Ние сме Европа’’ посветена на темата –енергетика во Куманово, Амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија Дејвид Гир преку видео обраќање рече : „Пријатели, патот кон Еу е пат на реформите. Спроведувањето на тие реформи бара единство и посветеност И постојани заложби да се осигура дека законите и политиките се применуваат. Но целта на членството е реална и остварлива. Членството во ЕУ ќе донесе практични и опиливи придобивки – кога станува збор за енергетска ефикасност, заштита на животна средина и подобрување на квалитетот на воздухот, кога станува збор за економска благостостојба и подобрувањето на животниот стандард’’

Гир рече дека денеска, фокусот е на енергијата. Енергијата исто така не поврзува. Отпорноста на енергетскиот секор станува се поважана со енергетската криза предизвикана од руската агресивна војна против Украина. Енергијата е исто така клучна во борбата против климатските промени, а обновливите извори се централен елемент во Европскиот зелен договор. Значи диверзификацијата на изворите на снабдување со енергија, преку намалување на зависноста од фосилните горива, станува задолжителна. Ширум Еу и овде во западен балкан. А ние играме централна улога во градењето на побезбедна посигурна, позелена енергетска иднина за оваа земја.

„Вие сте Европа. Македонија е во срцето на Блаканот, географски и култуно и македонскиот јазик е рамноправен дел од културниот пејзаж во Европа. Повеќето македоски граѓани сакат да бидат дел од ЕУ – и ЕУ сака да бидете дел од неа, бидејќи ЕУ нема да биде целосна без вас“ – рече Гир

Гир додаде дека во иднина Северна Македонија треба да биде уште еден позитивен пример за придобивките од проширувањето. Веруваме во големиот потенцијал на оваа земја и на македонските граѓани како дел од ЕУ!

Latest Posts

Не пропуштај