Последни написи

Зајкова: Ни треба родова еднаквост во секој поглед

„Многупати сум била и јас мета на напади. И некои ќе речат дека сум дел од јавниот живот па тоа е во ред. Напротив иако сум дел од јавниот живот треба да се зборува јасно и гласно тоа не значи да се сфати како жалење туку да се алармира до сите безбедносни органи а не да се доведуваме до момент на понижување’’ рече Моника Зајкова, пратеничка во Собранието и претседателка на ЛДП во утринската емисија на Слободен Печат.

Зајкова додаде дека изминатот период беа денови посветени на женскиот активизам каде целта е да се бориме против родово базираното насилство. Во Македонија се’ уште не можеме да зборуваме за еднаквост и покрај сите кампањи за родова еднаквост. Ние сме земја којашто е за поздравување бидејќи ја имаме ратификувано Истанбулската конвенција – но тоа не значи сега да се вратиме назад и да остане само во писмена форма.

Зајкова рече: „ Иако во политиката се вклучени и жените но сепак чинам дека не треба да бидат вклучени само заради исполнување на квотите во Собранието туку и да се застапени повеќе и на други позиции. Не треба да заборавиме дека дури и во секојдневниот живот се соочуваме со најразлични предизвици’’

Зајкова рече дека како општество мораме да имаме поширок видик и во идина да внимаваме на кого ја даваме поддршката за да носи промени во едно општество.

Извор: СлободенПечат

Latest Posts

Не пропуштај