More

    По пријавата за поседување наркотици и реакциите, ВМРО-ДПМНЕ го разреши Толомановски, претстои и исклучување од партијата

    Александар Толоманоски по пријавата од МВР за поседување на наркотични средства е веднаш разрешен од местото претседател на месниот комитет Пештани во Охрид.
    Тој во најитен рок ќе биде и исклучен од партијата, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

    Оваа постапка на опозициската партија уследи по жестоките реакции во јавноста во врска со објавениот случај со партискиот функционер на ВМРО-ДПМНЕ, кој е воедно и просветен работник.

    На скандалот реагираа и од општинската организација на СДСМ од Охрид кои побараа
    одговорност и запрашаа до кога ВМРО-ДПМНЕ ќе делува деструктивно, уназадувачки,
    кочничарски и со криминални структури.

    „До кога ДПМНЕ со вработувања на партиски послушници ќе го оптоварува образовниот процес во охридските училишта, бидејќи ова не е прв пат како образовен кадар оваа локална власт да вработи лица кои биле и се во судир со законот?“, запрашаа од СДСМ Охрид.

    Р.С

    Exit mobile version