Последни написи

Прв состанок на меѓународната Коалиција на земји за враќање на украинските деца

Првиот состанок на Меѓународната коалиција на земји за враќање на украинските деца („Состанок на коалицијата“), кој се одржува денеска во Кијив, има за цел да се надоврзе на заложбите ветени на состанокот на советниците за национална безбедност и надворешна политика во Малта, за формирање меѓународна коалиција на нациите посветени на олеснување на враќањето на украинските деца, кои биле депортирани или насилно раселени во Руската Федерација, од привремено окупираните територии на Украина.

Овој важен меѓународен настан ќе го отвори претседателот на Украина, Володимир Зеленски, а учествуваат голем број познати политичари, лидери на меѓународни организации и институции, како и познати личности.

Претставници од Северна Македонија се претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала и заменик народниот правобранител, Јован Андоновски.

Примарната цел на состанокот на коалицијата е да се идентификуваат практични чекори за земјите од коалицијата, да ја поддржат Украина во нејзината мисија на враќање на депортираните и присилно раселените деца дома, како и да ги ангажира земјите од коалицијата да преземат конкретни проекти и обврски кои обезбедуваат безбедна репатријација , рехабилитација и интеграција на овие засегнати деца.

Од раните утрински часови трае тревогата за воздушни напади во Кијив. Локацијата на одржувањето на овој меѓународен настан не се соопштува јавно од безбедносни причини.

Д. Т.

Извор: Цивилмедиа

Latest Posts

Не пропуштај