Последни написи

„Лице в лице“ и Борче Стаменов од „Донирај компјутер“ добитници на државната награда „Мето Јовановски” за 2023 година

Платформата за одржлив развој „Лице в лице“ и Борче Стаменов од иницијативата „Донирај компјутер“ се годинашни добитници на државната награда „Мето Јовановски”, највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа на промоцијата, заштитата и унапредувањето на човековите права.

Изборот на наградените го направи Одборот за доделување на државната награда „Мето Јовановски”, чиј претседател е Александра Цветановска.

Наградата на добитниците ќе им биде врачена на 10 декември (недела) во 12 часот во Собранието на Република Северна Македонија, соопштија од Министерството за култура.

Р.С

Latest Posts

Не пропуштај