Последни написи

Дерала и Андоновски од Кијив: Конференцијата за човекови права е гласен потсетник на руските воени злосторства во Украина

Во Кијив, Украина, денеска и утре се одржува Меѓународната Конференција за човекови права „ Слобода или страв“, по повод 75 години од усвојувањето на Универзалната декларација за човековите права.

„Ова е еден од најзначајните настани поврзани со 75 годишнината од донесувањето на Универзалната декларација за човекови права. Едно од најтешките воени злосторства е киднапирањето и депортирањето на илјадници деца. Оваа конференција е гласен потсетник дека руските агресори масовно го извршуваат токму ова злосторство”, изјави претседателот на ЦИВИЛ, Џабир Дерала, кој денеска и утре присуствува на Конференцијата за човекови права „Слобода или став“, во Кијив Украина.

На конференцијата, како претставник од Северна Македонија, учествува и заменик омбудсманот Јован Андоновски.

„Оваа конференција е значајна, не само за Украина, туку и глобално, бидејќи се однесува на 75 годишнината од донесувањето на Универзалната декларација за човекови права. Важно е што и Северна Македонија е претставена на овој настан“, изјави Андоновски за ЦИВИЛ Медиа.

Извор: ЦивилМедиа

Latest Posts

Не пропуштај